Кина се придружува на критиките за новите закони во САД, со коишто се регулираат условите, под коишто купувачите на електрични автомобили можат да добијат субвенција. Земјата најавува преземање соодветни мерки со цел да ги заштити своите интереси, од законот што го цени како „дискриминирачки“.
Клаузулата во Законот за намалување на инфлацијата, со којашто се исклучува добивање субвенција за возила што се произведени во странство, „претставува дискриминација против увезената стока и постои сомнение дека таа ги прекршува принципите на Светската Трговска Организација“. Тоа го изјави Шу Џутинг, портопаролка на Министерството за стопанство. „Кина ќе продолжи да го следи и оценува почитувањето на легислативата и ќе преземе мерки за да ги заштити своите легални интереси, доколку тоа биле потребно, додаде Џутинг, не наведувајќи ги мерките што би се презеле.
Овие коментари се надоврзуваат на крикитиките што доаѓаат од Европската Унија и од Јужна Кореја во врска со законот, којшто пропишува дека за автомобилите нема да се добива субвенција во висина до 7.500 долари, доколку важните делови од батеријата потекнуваат од Кина, Русија и други „странски субјекти“. Најголемиот дел од снабдувањето со батерии во светски рамки зависи од Кина, којашто воедно е дом на некои од најголемите гиганти во производството на батерии во светот, како Contemporary Amperex Technology Co, што меѓу другото испорачува батерии за Tesla.
Висок службеник во Сеул претходно ги нарече американските закони „предавнички“, по одржаната средба меѓу владини претставници од Јужна Кореја со нивните американски колеги. Европската Унија исто така го постави прашањето до САД во минатата недела, а претставник од Европската Комисија потоа изјави дека „ЕУ ќе ги преземе неопходните чекори за да ги заштити своите интереси.“
I repeat – few, if any, EVs would qualify for the federal EV tax credit under IRA.
WSJ interviewed multiple sources who all concur.
"There is and remains a total domination by China on the processing side,” said Morgan Bazilian.https://t.co/QxtURD6cjI
— EVAdoption (@EVAdoptionTweet) August 4, 2022
Амбасадорот на Кина во САД, Чин Ганг, исто така предупреди за можните ризици од обидот Кина да се исклучи од синџирот за електрични автомобили, посочувајќи дека за време на неговата посета на салонот во Детроит во минатата недела се покажало дека интересите на двете нации се совпаѓаат. „Синџирот на создавање дополнителна вредност на електричните автомобили, а посебно синџирот на набавки, мошне е глобализиран“, изјави Чин, додавајќи дека сите страни ќе продолжат да „рагботат во согласност со правилата на економијата.“
Toyota вложува 5,6 милијарди долари во производство на батерии
















