Чешка го одржа 12-от Ден на емоции на Peugeot

По маратонски 58 денови поминати во организирање тест-возења за клиентите, во прашката населба Летнани завршија 12-те Денови на емоции на Peugeot. Чесите исто така се одушевени од одговорот од публиката при запознавањето на новиот Peugeot 308.

Комплетниот возен парк од модели на Peugeot, на крајот на јули пристигна во населбата Летнани во Прага. Со тоа заврши 58-дневниот маратон на тест-возења, по повод почетокот на продажбата на новиот Peugeot 308. Бројките се мошне впечатливи: 2.500 заинтересирани купувачи, извршени 4.000 тест возења и огромна заинтересираност на публиката за електромобилноста. Тоа беше и одлична можност за чешкиот увозник да ја увиди заинтересираноста на возачките и возачите во земјата за електричниот погон.

Од 1-ви јули до 28-ми јули, Денови на емоциите на Peugeot се одржаа во 38 градови ширум Република Чешка. Единаесетте демо-автомобили возеа катадневно. Сосем очекувано, најмногу интерес предизвика најсилниот сериски автомобил во историјата на марката, 508 Peugeot Sport Engineered. Овој исклучителен модел беше дел и од поставата на настанот што во почетокот на летово го одржа Еуроимпекс. Вкупно 638 заинтересирани клиенти и фанови на марката го пробале спортскиот модел со 360 КС и електромотори на двете оски.

Веднаш по PSE, по број на тестирања следи Peugeot 3008 HYBRID4 300, со 485 возења. Овој модел зимоска го тестиравме во Македонија. Погонската спрега на овие два модели е мошне слична. Третиот најчесто избиран модел за тест возење повторно има врска со електромобилноста, тоа е чисто електричниот Peugeot e-2008, за којшто се пријавиле 450 посетители.

Peugeot e-2008 е најпродаваниот електричен модел во Чешка; Во првото полугодие, 7% од продажбата во гамата на 2008 отпаѓа на чисто електричната изведба; Во споредба со лани, уделот на електричниот e-2008 е зголемен двојно.

Секако дека првите модели што посетителите ги барале да ги запознаат во возниот парк се двете каросериски изведби на новиот Peugeot 308, класичната комбилимузина и комбито SW. Големата заинтересираност за моделот во Чешка се потврдува со една бројка од светската сцена: До крајот на јуни, Peugeot има регистрирано 104.000 нарачки за Peugeot 308, што прави тој да биде еден од најпродаваните модели на марката.

Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

Претходна објаваГрадоначалникот на Риселсхајм вози електрична Opel Zafira-e Life
Следна објаваЈонизатор, е-тротинет, хромирани лајсни: Што нуди Fiat како прибор за Nuova 500

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here