Suzuki е најдобра во конкуренција на 27 автомобилски марки, во поглед на задоволството на корисниците. Дури и во општа конкуренција, Suzuki е петта најдобра марка од вкупно 265 марки што беа опфатени во истражувањето. Марката со суперменското S досега петпати била на првото место во истражувањата на британската организација за заштита на потрошувачите.
Suzuki на британскиот пазар повторно се најде на највисокото место според индексот на задоволство на корисниците. Јапонскиот специјалист за градски и теренски автомобили се пласираше прв во конкуренција на автомобилски марки и петти меѓу 265 марки и компании во општа конкуренција, од сите бранши што беа опфатени во истражувањето на Организацијата за заштита на потрошувачите во Велика Британија.
Индексот претставува мерило на степенот со којшто корисниците на одредена марка или компанија се задоволни од истата. Истражувањето беше спроведено меѓу повеќе од 10.000 корисници во Велика Британија, коишто го искажуваа своето искуство. Во истото се опфатени компании од 13 сектори, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија. Вкупно пристигнаа 45.000 оцени од потрошувачи во сите сегменти, односно 3.000 оцени само од автомобилскиот сектор.
Во општа конкуренција, Suzuki е петтопласиран, заедно со M&S, по UK Power Networks, Timpson, John Lewis и Tesco Mobile. Просечниот индекс на задоволство на корисниците во автомобилскиот сектор изнесува 81,0. Индексот за Suzuki изнесува 85,9, што е далеку над просекот. Во конкуренција од сите марки и компании, Suzuki е дури 17 места пред второпласираната автомобилска марка во истражувањето.
We’re excited to announce that we have regained our position as the Number 1 Automotive brand for Customer Satisfaction and Trust in the UKCSI's latest survey.
Making you happy makes us happy! pic.twitter.com/Ex8Xb6U4Ep
— SuzukiCarsUK (@SuzukiCarsUK) July 15, 2022
Корисниците одговараа на прашања поврзани со довербата, искуството, односот на компаните кон корисниците, емотивната поврзаност и етиката. Suzuki воедно доби и најмногу потврди дека постоечките корисници повторно би изврале автомобил од марката. Уште еден триумф на Suzuki е бројот на одговори од корисниците, дали тие на своите пријатели или роднини би им препорачале возило од марката. Во тој поглед, Suzuki постигна индекс 40,4, додека просекот во браншата изнесува 35,6, односно 27,9 во општа конкуренција.
Неоткриените таленти на Suzuki Ignis сега доаѓаат до полн израз
















