Најбрзиот багажник од кубик и пол во светот: BMW M3 Touring

Со секое претставување на нова генерација на BMW M3, бројни фанови на баварската марка се надеваа дека ќе видат и комби-изведба. Тоа му успеа двапати на BMW M5. Сега првпат во 50-годишната историја на M GmbH се нуди M3 со традиционалната ознака Touring. Одлуката да се стартува со комби изведба била донесена уште при тестирањето на прототипите од новиот M3 пред повеќе од три години.

Еден податок открива најверно, што всушност значи комби-изведбата од M3. Половина од продажбата на серијата 3 на BMW на домашниот пазар на марката, отпаѓа на комби-моделите, значи на Touring. Толку висок удел можеби не е за очекување кај комби-изведбата од M3, но е сигурно дека сопствениците и фановите на комби-верзиите со „обичен“ погон, сега уште повеќе ќе го обожуваат својот автомобил. Од друга страна, M3 Touring нема да им ги оптовари сметките на Баварците, затоа што е мал бројот на компоненти што посебно се развивани и се произведуваат за експреснното комби.

BMW дури и не нуди два степени на моќност, туку комбито го испорачува исклучиво во „навиената“ изведба M3 Touring Competition, со погон на сите тркала. Нетоварено или товарено, не менува, комбито од M3 секогаш е подготвено да извози брз круг на Нирбургринг. Таму, впрочем, беше поставен и рекордот за најбрзо комби во светот, уште пред премиерата на моделот.

Инженерите сепак имаа прилично работа со Touring-моделот, затоа што многу нешта мораа да се дотераат посебно за сменетиот тежински распоред и сменетите сили, посебно во подвозјето и во дотерувањето на системите за контрола на стабилноста. Во изгледот, пак, нема разлики меѓу лимузинската и комби изведбата, до средишниот столб. Во маската стои логото Competition, а крилата се проширени за 80 mm напред и 70 mm назад, во споредба со стандардните модели.

https://photos.app.goo.gl/HhmQLkkrtnAFWUdG8

Задниот дифузор исто така е идентичен со лимузината, заедно со четирите издувни цевки. Разлика има во браникот, поради тоа што поклопецот зафаќа пониско во споредба со лимузината. Бидејќи практичноста е екстра-талент на M3 Touring, задниот прозорец се отвора посебно, исто како кај Touring од серијата 3. Нов и нужен „детал“ е масивниот кровен спојлер, заради соодветно водење на воздушните струи. Тој не е од карбон и фабрички се испорачува црн. По барање, спојлерот може да се лакира. Дури може да се монтира и багажник, со носивост до 75 килограми.

[the_ad id=”69797″]

Возачот пред себе има голем двоен дисплеј, којшто сега е дел од секој модел од серијата 3, по неодамнешното моделско освежување. Секако дека во М-моделот има посебни менија и прикажувања во дисплеите. Спортските седишта се неизоставен дел од концептот, погодни и за тркачка патека. Во поглед на багажникот, нема компромиси: 500 до 1.510 литри.

https://photos.app.goo.gl/rfAbhMvpkcRHU68i6

Инженерите мораа посебно да го зајакнуваат задниот дел, затоа што кај комбито отуствува попречниот заден ѕид што ја скрутува каросеријата. Тоа кај Touring е постигнато со посебен профил во форма на V.

Под хаубата е исто како во M3 Competition. Таму работи 3,0-литарски шестцилиндарец со двојно турбонатполнење од генерацијата S58, со моќност од 510 КС при 6.250/min (максимално 7.200/min) и вртежен момент од 650 њутнметри, меѓу 2.750 и 5.500/min. Спринтот од нула до 100 km/h трае 3,6 секунди 3: 3,4), а по 12,2 секунди од стартот веќе се вози 200 km/h. Крајната брзина е ограничена на 250 km/h, но со доплата за M Driver’s Package следи одложување на лимитот до 280 km/h. Преносот е работа на 8-степен автоматик со M-интелигенција. Крајниот резултат: Фабричкиот возач Јорг Вајдингер со M3 Touring постави време од 7:35.060 минути на Нирбургринг, што е нов рекорд за комби-модел.

https://photos.app.goo.gl/ZdwbMevnzMdN7XZ4A

https://photos.app.goo.gl/boPXbhhGyyHW97Rv5

https://photos.app.goo.gl/adas38w9hgqX5i168

https://photos.app.goo.gl/2yw7g4t8r6NwrFJfA

https://photos.app.goo.gl/SUE6APiKcgqBqF33A

https://photos.app.goo.gl/xuP4tdTXDrBngWUe7

BMW M2 ќе биде последен модел на M GmbH без електромотор во погонот

 

Претходна објаваЕлектричен траект во Данска постави светски рекорд
Следна објаваHarley-Davidson прв доаѓа да гаси пожар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here