Почна производството на електричниот Volkswagen ID. Buzz

Само во фабриките на концернот Volkswagen за производство на делови за сите марки од истиот, што се наоѓаат во Германија, до 2026 година ќе се вложат 2,3 милијарди евра во елеткричен погон. Тоа е половина од вкупната инвестиција на Волфсбург.

Електричните автомобили на Volkswagen веродостојно ќе го носат печатот „Made in Germany“. Со стартот на производството на ID. Buzz, германските фабрики за изработка на компоненти се вклучија во изработката на важни делови со висока технологија за новиот модел на струја. Во погоните во Брауншвајг, Касел, Залцгитер и Хановер, главно се произведуваат батерискиот систем, електричните погонски модули и делови од подвозјето.

Синџирот од фабрики за производство на компоненти за сите возила на концернот, Volkswagen Group Components, денес ги развива и произведува главните компоненти за сите електрични модели на концeрнот, од Cupra Born до ID. Buzz. Германските фабрики се предводница во производството, а по нив следат фабриките ширум Европа, во Кина и во САД.

Volkswagen Group Components е целосно одговорна за монтажата на предната и задната оска на ID. Buzz и ID. Buzz Cargo во Хановер. Во фабриката во Касел се произведува електричниот погон за сите модели што ја користат платформата MEB. Таму во иднина ќе се произведува и контролната електроника за електричниот погон. Во Брауншвајг се развиваат и се изработуваат батериските системи, како и софтверот за нив. Залцгитер ги изработува роторот и статорот за електричниот погон. Оттаму во иднина централно ќе се снабдуваат со батерии сите фабрики на Volkswagen во Европа. Во 2025 година, во Залцгитер ќе почне со работа и првата гигафабрика за батериски ќелии на концернот.

https://twitter.com/VWGroup/status/1537813567566516225?s=20&t=Ou6QW_arDwu4LWJd1ZvT5w

https://photos.app.goo.gl/mSq8ZeUBNft8ATGa6

https://photos.app.goo.gl/j8i5YySaqy9HtBPr6

https://photos.app.goo.gl/yyZB62vtP9fJm4pb6

https://photos.app.goo.gl/4C2qetNyKwKwh7AE8

Volkswagen со два специјални ID.Buzz на празнувањето на Војна на ѕвездите

Претходна објаваAlfa Romeo Tonale е дел од 40-то издание на Mille Miglia
Следна објаваКаков избор на користен автомобил е Suzuki Vitara

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here