Lamborghini Urus е рекордер: 20.000 возила за четири години

Уште еден рекорд за Automobili Lamborghini, постигнат со тековната и идна ѕвезда, хиперспортскиот СУВ-модел Urus. Не постои друг модел во историјата на Сант Агата, што за четири години се продал во повеќе примероци.

Од монтажната линија на Lamborghini денес се симна 20-илјадитиот примерок од Urus, во митрас-виолетова боја, со нарачани црни сопирачки клешти и сончев покрив, за клиент од Азербејџан.

Urus донесе пресвртница во марката, со удвојување на продажбата, како и со проширување на фабриката во Сант Агата Болоњезе. Италијанскиот болид на висока нога освои бројни награди и одликувања, појавувајќи се во својот лик на „Unlock any Road“ на најразлични настани. Urus ги искачи највисоките планински превои во светот и возеше во најекстремни теренски услови.

Lamborghini цени дека сопствениците на Urus досега имаат извозено вкупно 360 милиони километри ширум светот

„Уште од првото претставување на концептниот Urus на салонот во Пекинг во 2012 година, до почетокот на продажбата во 2018, и во секоја следна година, Urus ја докажа инстантната и неуморна привлечност како вистински Lamborghini, роден од нашето суперспортско наследство и од првиот супер СУВ во светот, од LM 002”, изјави Штефан Винкелман, претседател и извршен директор на Automobili Lamborghini.

По лансирањето во декември 2017 година, Urus им беше претставен на клиентите во рамките на светска тура во пролетта 2018 година. Турата псоети вкупно 114 градови во само четири месеци. Повеќе од 70% од нарачките пристигнаа од купувачи што претходно не поседувале модел на Lamborghini.

Со своите шест режими на возење, од кои три за асфалт – Strada, Sport и Corsa, како и режими за возње по терен, песок и снег, Urus стекна име на „Unlock any Road”. Ексклузивниот СУВ постави брзински рекорд за возење по мраз на руското езеро Бајкал. Следниот потфат од таков ранг беше искачувањето на највисокиот пат во светот, на превојот Умлинг Ла во Индија, на висина од 19.300 стапки, односно близу 5.900 метри.

Најполуларни бои од ексклузивната понуда на Ad Personam се Grigio Telesto, Blu Cepheus и Viola Pasifae

Lamborghini Urus располага со мотор V8 од 4,0 литри, twin-turbo, со моќност од 650 КС и вртежен момент од 850 Nm при 2250 вртежи во минута. Спринтот до темпо сто трае 3,6 секунди, до темпо двесте 12,8 секунди. Крајната брзина е 305 km/h.

Lamborghini LM002 го разгазува теренот за премиерата на новиот Urus

Претходна објаваBMW славенички со M3 Touring на Фестивалот на Брзината во Гудвуд
Следна објаваРускиот автомобилски пазар во мај 84 проценти во минус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here