Suzuki направи голема рели трка во Костурско

Италијанскиот Suzuki Challenge веројатно ќе ни останеше непознат, доколку истиот не гостуваше во минатиот викенд во соседна Грција. Трката во Рупишта донесе големи измени во бодовната листа и направи следната трка да биде уште понеизвесна, меѓутоа главниот момент беше во тоа да се видат теренските способности на Suzuki на дело.

За некои од фаворитите, трката во Грција буквално беше возење по странски терен. Тоа најмногу важи за Алфио Бордонаро, кој победи на претходната трка, Баха Рели Адријатико. Чакалот во Костурско му предизвика големи потешкотии на возачот од Катанија. Стартот на Бордонаро беше одличен, но тој се соочи со бројни технички и механички проблеми на двата долги брзинци. На крајот, тој мораше да ја прекине трката со својата Grand Vitara, пред завршната етапа.

Како што пропишуваат правилата, Бордонаро сепак успеа да го врати својот автомобил од сериско производство во трка и освои минимум бодови, со големи пенали. „Бог“ на грчката трка беше Мауро Кантарело, од Ровиго, кој имаше одлична поддршка од совозачот Федерико Лези. Нивната Suzuki Grand Vitara постојано беше во водство, со исклучок на воведниот брзинец, кога водеше Бардонаро. Додека сите натпреварувачи беа во голема неизвесност околу пласманот, Кантарело извозе релативно релаксирано до целта и постигна вкупно време од 7 часа 49 минути и 27 секунди.

Второто место им припадна на Лоренцо Кодека и Мауро Тофоли, кои релито го извозеа комотно, без да му направат ниту една гребнатинка на Suzuki Jimny. Нивното рамномерно темпо им донесе крајно време од 8 часа 20 минути и 23 секунди. Поранешниот италијански шампион очигледно се снаоѓа одлично зад воланот на Suzuki.

https://photos.app.goo.gl/UULkd9sXYx5hvmyLA

Браќата Џовани и Франческо Фарина трети ја минаа целната линија на грчкиот „челинџ“, со време од 8 часа 53 минути и 52 секунди. Тие ја извозеа својата Suzuki Vitara со најдобро време го групата TH.

По повеќе од 9 часови во трка (9:27’50”), Џузепе Ананасо ја заврши третата етапа на Suzuki Challenge на четвртото место. Римјанинот, заедно со совозачот Роберто Иба, дома во Италија ќе донесат второ место во групата TH и четврто место во Challenge. Нивната Vitara уште гризе одлично.

https://photos.app.goo.gl/kcryXRYzAQSw8uU89

https://photos.app.goo.gl/2tziREtkNZC59pJ28

https://photos.app.goo.gl/6AnhzyvAfyDoXcWC6

https://photos.app.goo.gl/hQmif6nVFECx31sU9

https://photos.app.goo.gl/k8LRNRZZwthwMtmr7

https://photos.app.goo.gl/g6m8tYfsuLbXWSNn6

 

 

Претходна објаваНајдобрите автомобилистки во светот му ја разубавеа годината на Peugeot 308
Следна објаваСпецијалните серии се специјалност на Citroen: C3 Aircross Rip Curl

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here