Нарушувањата што ги предизвика пандемијата доведоа до намалување на продажбата, а соодветно се зголеми и просечната старост на возилата на Британците. Просекот моментно изнесува 8,7 години, што е за над една година повеќе во споредба со просекот пред една деценија.
Според државната статистика, по британските патишта лани сообраќале 40.506.971 возила од сите категории, или за 0,4% повеќе отколку во 2020 година. Возниот парк лани се зголемил за 1,65 милион возила, што е приближно исто со претходната година. Недостигот од компоненти во производството на возила и несигурните синџири на снабдување од добавувачите предизвикаа и британскиот пазар да стагнира.
Околу 8,4 милиони автомобили или приближно една четвртина од вкупниот број автомобили, постари се од 13 години, односно првпат се регистрирани во 2008 година.
Тоа што вкупната продажба на возила во 2021 година порасна во споредба со преклани се должи на одличната побарувачка за лесни доставни возила. Нивниот број на патиштата се зголемил за 4,3% и изнесува 4.804.833 возила. Напредуваше и продажбата на тешки камиони, со динамика од 2,5% во плус и вкупно 604.035 камиони во британскиот возен парк.

Имало раст и во продажбата на автобуси, чијашто бројна состојба лани изнесувала 74.451 возило или за 1,1% повеќе отколку една година претходно. Тоа е сепак втор најнизок удел на автобуси во возниот парк на Британците, откако во 1994 година почна да се води најдетална статистика. Намалената продажба секако дека претставува последица од пандемијата и од ограничувањата за патување што таа ги услови.
Најголемиот напредок е кај електричните автомобили, но и кај сите други категории возила со погон на струја. Лани во земјата имало регистрирано вкупно 720.053 патнички автомобили, 26.990 доставни возила, 993 автобуси и 313 камиони, сите со прикучок за полнење на батеријата.

Уделот на електрилните возила е незначителен. На секои 50 возила, доаѓа по 1 возило со електричен погон. Вистинската слика за претсојниот предизвик ја дава бројот на возила: 20,5 милиони автомобили користат бензински мотор, на тоа следат уште 13 милиони со дизел. Нивното учество изнесува 58,6%, односно 31,71% соодветно. Вкупно 95,7 проценти.
Најмногу електрични автомобили, односно една третина од нивниот вкупен број, регистрирани се во Лондон и во Саут Ист (подрачје на Лондон), каде што автомобилите на струја учествуваат со 3,0%, со односно 2,6% од сите возила што се регистрирани во подрачјето.
Најголемиот број од електричните автомобили сепак се службени возила, со доминантен удел од 58,8 проценти. Тоа, пак, сведочи дека мерките за поттикнување на компаниите да купат електрично возило вродуваат плод.
Уште неколку факти за британскиот возен парк:
- Возниот парк пораснал за 4,7 милиони возила (+13.3%) од 2012.
- 8.420.961 автомобили се регистрирани првпат во 2008 година или порано, што претставува 24,1% удел.
- Најполуларни возила се градските и компакните модели, со шест возила од овие категории на секои десет возил. Нивниот број изнесува 11.574.902, односно 9.209.201 возила соодветно.
- Со мануелен менувач располагаат 68,1% од возилата.
- 66.7% од возилата се произведени во ЕУ, додека на возила од домашна продукција отпаѓаат само 15.3%.
- Возачите во Лондон почесто се решаваат за британски автомобил (16,8%), отколку возачите во останатите региони во државата.




















[…] https://automedia.mk/objavi/uk-vozen-park-elektro/ Британија, велика британија, возен парк, електрични автомобили, к електрични автомобили има, кол, Обединетото Кралство, ОК […]