Англичаните одушевени од кинеската фанки-кет, преку 6.000 можни нарачки

Тоа што на британскиот пазар претходно се случи со Dacia, а потоа и со марката MG, мошне е веројатно дека ќе се повтори и со кинеската марка Ora, специјализирана за електрични автомобили и наполно непозната во Европа. Островјаните препознаваат марка што им нуди многу за вредноста. Така реагираа и за Funky Cat, модел што наесен ќе стартува со нарачки, а брзо потоа и со испораки.

Британскиот пазар обично е многу понапред од „континенталните“ пазари, кога треба да се прифати нова марка што им нуди голема противвредност. Тоа што на останатите пазари се гледа само како евтино, во Британија се препознава како вредно. Ora е нова марка на тамошниот пазар, што веројатно ќе ја дели успешната приказна со Dacia, SsangYong, MG и други марки.

Ora e марка што припаѓа во концернот Great Wall Motor, нам добро познат по СУВ-марката Haval, што веќе со години е присутна на македонскиот пазар. Кинезите имаат големи планови со електричната марка Ora. Во меѓувреме е формирано европско седиште во Германија, од каде што ќе се крои и применува стратегијата за настап на пазарот.

Британците се вешти и во именувањето на моделот. Компактниот елеткромобил на Ora, што прв стартува со продажба во земјата, ќе го носи името Funky Cat. Како што е редно за секоја нова моделска серија со добро испланирана стратегија, на купувачите прво ќе им се понуди воведна серија, со повеќе опрема и со неколку ексклузивни ставки. Публиката веќе можеше да го запознае моделот на априлскиот настан Fully Charged Live, посветен на електричните возила.

https://photos.app.goo.gl/Jq1fq1AtTWkRAGZw7

Во претставништвото на Ora веќе се имаат регистрирано 6.000 можни купувачи на Funky Cat. Нарачките ќе стартуваат наесен, а кусо потоа ќе следи и испораката. Покрај тоа што се развива мрежа од продажни салони, Ora става голема важност и на онлајн-продажбата. Возилата ќе можат наесен да се нарачаат преку платформата ORA Online.

Велика Британија е клучен пазар за лансирањето на марката GWM Ora и со голема возбуда го очекува лансирањето на нашиот прв модел, Ora Funky Cat. Како нов електричен бренд, на купувачите ќе им нудиме висок квалитет, со единствен дизајн, што ќе внесе нов изглед по европските патишта“, изјави Јао Феи, заменик претседател на Great Wall Motors.

https://photos.app.goo.gl/niRVeyC8apZriHha9

Специјалната воведна серија Funky Cat First Edition се нуди по цена од £30,495 (со вклучена премија за електрични автомобили во висина од 1.500 фунти). Со батерија од 48 kWh, компактниот автомобил ќе постигнува досег до 310 километри.

Кинезите гарантираат 5 години за возилото, без ограничена километража, како и 8-годишна гаранција или 100.000 милји за батеријата. Сервисирањето е на секои две години или 30.000 километри.

Funky Cat стандардно располага со приспособлив темпомат, камери со приказ во 360 степени, диодни светла, тркала од 18 инчи, поврзување со мобилен телефон, со безжично полнење.

Техниката дозволува полнење на обичен полнач од 6,6 kW (5 до 6 часа до 80%) или на трифазен полнач од 11 kW (3 до 4 часа). Специјалната серија ќе дозволува и користење брз DC-полнач со моќност од 80 kW (40 минути до 80%).

Перформанcи

Вид на возило

Електрично

Капацитет на батерија (kWh)

48

Вид на батерија

Lithium Ion

WLTP досег 48kWh

193*

Погонска оска

FWD

Врвна моќност (kW/КС)

126 / 171

Врвен вртежен момент (Nm)

250

Забрзување 0- 100 km/h

8.3 s

Највисока брзина

160 km/h

Димензии

L x W x H (mm)

4235 x 1825 x 1603

Дозволена највисока тежина (Kg)

1970

Празно возило (Kg)

1540

Багажник

228L

Багажник (соборена клупа)

858L

Меѓуоскино растојание (mm)

2650

Круиг на вртење (m)

11.2

Тркала

18” Alloy Wheel 

Гуми

215/50 R18

Great Wall Motor се одомаќини во Минхен

Претходна објаваVolkswagen со два специјални ID.Buzz на празнувањето на Војна на ѕвездите
Следна објаваХибриден Mercedes E-Class поевтин и посилен од дизел E 300 d

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here