Opel Rocks-e доаѓа да гаси прв во случај на пожар во фабриката

Opel Rocks-e вози чисто на струја, малечок е и може да стигне секаде. Во потрага по нов имиџ за својот најмал модел, Opel добива улога на противпожарно возило. Не е само за имиџ, Rocks-e навистина има предности во својата пожарникарска улога.

Во сопствената противпожарна служба на фабриката на Opel во Риселсхајм пристигна ново возило. Жар црвен Opel Rocks-e дел е од редовниот возен парк на службата против пожари во фабриката. Покрај тоа што е обложен со фолија во вообичаената сигнална боја, овој лесен квадрицикл со погон на струја поседува и ротациско светло, сирена, телефонски број за итен повик. Сé што имаат големите, има и Rocks-e.

Невообичаеното возило за оваа служба, сепак ќе има секојдневно задачи во Риселсхајм, на пример за проверка на исправноста на противпожарните уреди. Под совозачкото место се наоѓа кутија со сиот потребен алат. Минито е одговорно за површина на фабриката од 1,9 километар квадратен.

https://photos.app.goo.gl/d58CQxooyUxG6THT6

Главната предност на Rocks-e е малиот круг на вртење, од 7,2 метри. Досегот до 75 километри е повеќе од доволен. Поради малите димензии, минито во пожарникарска служба може да влегува и во самите фабрички хали. Големите и масивни камиони што се тешки десетици тони, не можат да пристапат на местата на коишто Rocks-e доаѓа без мака. Кусо 2,41 метри и широко 1,39 метар, минито на Opel ќе им заштеди многу време на пожарникарите. Уште еден дополнителен и мошне важен фактор е тоа што Opel Rocks-e, со својата појава ги орасположува вработените во фабриката, секогаш кога ќе пројури околу халите или во самите хали.

Наскоро ќе стартува продажба товарната изведба Opel Rocks-e KARGO, што е приспособена за работа како доставно возило

https://photos.app.goo.gl/1HtczwWGJWGbvDgM9

https://photos.app.goo.gl/DYYqiqPuscS9d3Kd7

Opel Rocks-e KARGO: Пица-достава на струја, тоа ни е многу познато

Претходна објаваTesla оставена осум недели на полнач, сопственикот на одмор
Следна објаваVolkswagen со два специјални ID.Buzz на празнувањето на Војна на ѕвездите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here