Fiat е добра марка за кафе

Кафулето Фиат 500 на покривот на Лингото, во Торино

Во музејот Casa 500 во Торино, отворено е FIATCafé500, коешто на единствен начин ја поврзува историјата на производителот на најнародските автомобили, со зелената иднина на марката. Низ прозорците се гледа La Pista 500, најексклузивната тест-патека во светот, каде што се возат само електрични автомобили.

На четвртиот кат на Пинакотека Ањели се наоѓа музејот посветен на автомобилската икона Fiat 500, а во самиот музеј отсега работи и FIATCafé500. Во ова место за дружење од единствен вид се соединуваат историјата и дизајнот на 500-ката, посредувајќи го генетскиот код на Fiat што понатаму се поврзува директно со италијанската долче вита.

Fiat 500 честопати е предмет на инспирација на уметничкиот свет и самиот бил дел од изложби во најпрестижните музеи на современа уметност, вклучувајќи го Музејот на современа уметност во Њујорк, прочуената МоМА.

Уметничката врска уште е свежа. Светски прочуениот дизајнер Рон Арад неодамна ја претстави својата прва аукција на дигитални дела “Reverse Again”, коишто им се достапни на колекционерите во форма на технологија NFT (Non Fungible Token).

FIAT 500 е икона на долче вита, но не може да има долче вита, без дружење, заедништво и уживање во прекрасно, единствено и исклкучителни места, што имаат напишано историја и продолжуваат

Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и глобален оперативен директор на Stellantis

Прозорците на кафулето гледаат во La Pista 500, најубавата и единствена патека на покривот на старата фабрика на Fiat во Лонгото, на којашто посетителите и намерниците можат да тестираат Fiat New 500. Во состав на патеката влегува и единствен парк, со повеќе од 40.000 растенија од преку 300 различни видови.

https://photos.app.goo.gl/AdU17ojzvxq7N7ck7

Тест-патеката воедно служи и како културно одредиште. Од денес, 27-ми мај, во Пинакотека Ањели се изложени дела од седум уметници од целиот свет: Нина Бајер, VALIE EXPORT, Силви Флори, Шилпа Гупта, Луис Лолер, Марк Леки и Кали Спунер.

https://twitter.com/PinAgnelli/status/1527709117107908616?s=20&t=fVhx6kqwtegWd8cH_qZeTA

https://photos.app.goo.gl/xWA91j9Tub5t4Nf3A

https://photos.app.goo.gl/wxsu4AaMmr8hdNyr7

Видеото најверно ја прикажува атмосерата на и околу Ла Писта 500

 

Претходна објаваСтаници за гориво во Ванкувер без електрични полначи ќе плаќаат казна
Следна објаваКинескиот пазар се стеснува за странските електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here