Не е за изненадување, тоа што Италијанците први дојдоа на идеја да ги наградуваат возачите на Fiat New 500 за штедливо возење. По една година, апликацијата добива нов изглед и се воведуваат Fiat e.Coins. Со заработените крипто-пари може да се купат производи и услуги од наменска платформа, во којашто учествуваат преку 350 компании.
Kiri е проект на Fiat за наградување на возачите што внимаваат на потрошувачката на енергија на своите автомобили. По една година од стартот, регистрирани се 7.300 корисници и атмосферата е поштедена од 1.000 тони СО2. Овие возачи заработиле 30,5 милиони бодови, вредни повеќе од 750.000 евра на платформата Kiri. Новина е тоа што бодовите отсега се водат како e.Coins и добиваат сопствено лого.
Fiat New 500 е најпродаван електричен автомобил во Италија и Франција, втор во Германија и прв во 11 европски држави во сегментот на градските автомобили на струја.
Проектот во соработка со стартапот Kiri Technologies ги наградува возачите на New 500 што штедливо се однесуваат со потрошувачката на енергија. Бодовите, односно сега e.Coins, може да се користат за плаќање за производи и услуги на платформата на Kiri. Таму моментно се присутни над 350 компании.
За возачките и возачите на електричниот Fiat New 500 да се придружат на програмата, потребно е само да се преземе апликацијата Fiat и да се направи кориснички профил. Бодови за штедливо возење се добиваат преку eco:Score, во основа патен компјутер во New 500 и дел од инфо-забавниот систем Uconnect на Fiat. Колку се вози порамномерно, со повеќе внимателно забрзување и запирање, толку повеќе се освојуваат e.Coins.
https://youtu.be/lO2V3A9yWcc
Fiat наведува пример, дека со просечен резултат на eco:Score и годишно 10.000 километри, може да се заработат e.Coins вредни до 150 евра. Со новиот сетап, ќе се добива петпати повисока сума, со што италијанскиот производител очекува дека ќе поттикне уште повеќе интерес меѓу возачите и општо на сцената.
















