за

Детска количка Mercedes AMG, благородништво уште од мали тркала

Единствен изглед, комфорен превоз и спортска нота: Тоа го ветува специјалното издание на детската количка на Mercedes-AMG и Hartan.

Четврта година трае соработката меѓу Mercedes-AMG и семејната компанија Hartan. Во таа чест е пуштена специјална серија од детската количка AMG GT, што ќе се изработи во само 299 примероци.

Специјалната серија на детската количка се разликува по црвената шара на AMG на црна подлога на покривот на детската количка, како и по премиум торбата. На секоја страна е поставена оригинална плочка AMG, што со серискиот број (1-299) исто така открива дека се работи за специјална серија. Посебни се и тркалата со вкрстени краци во оригинален дизајн на AMG и седиштето од оригиналниот материјал Динамика, што се користи и за седиштата во автомобилите на AMG.

На изгледот се работело во соработка со дизајнерското одделение на Mercedes-Benz. Детската количка се одликува со врвен избор на материјали и најквалитетна изработка, што е својствено за производите на Hartan. Квалитетот го потврдува и печатот TÜV.

Количката има амортизација и може да се „вози“ по секаква подлога. Дршките се од црн материјал налик на кожа, со црвени штепови. Рачната сопирачка е стандардна опрема и се грижи за безбедност. Истото важи и за ременот со 5 точки на прицврстување, со магнетска брава и со рефлектори.

New item by Automedia MK / Google Photos

Лежиштето се преклопува во еден потег, а има и секакви можности за нагодување, меѓу другото за потпирачот за грб и за потпирачот за нозе. Во покривот е вграден и штитник за сонце. Стандардна опрема е Bag2Go, торба во којашто собира телефон, клучеви, паричник и шишиња.

Компактните димензии се ушпте една предност. Склопена, оваа посебна AMG GT има димензија 69 x 58,5 x 31 cm. Следи и тригодишна гаранција. Цената на стандарниот модел е 1.100 евра, ова е специјална серија.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Сега и бебињата имаат сопствен Mercedes

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со возење електричен Fiat се заработуваат e.Coins

Товарен е-велосипед носи 180 kg и хит е во Германија