за

Škoda Afriq: Студентскиот автомобил Бр. 8 е подготвен за рели

Рели-изведбата на Škoda Kamiq се повикува на славното Рели Дакар, додека името на автомобилот нé потсетува дека чешката марка е главна во концернот за земјите во Северна Африка.

Најновиот автомобил изработен од студентите во Škoda може да мине кој било специјален брзинец на легендарното Рели Дакар. Осмиот студентски автомобил на чешката марка е рели верзија на Škoda Kamiq.

Градскиот СУВ на Škoda првпат се користи како основа за студентски концептен автомобил. Експертите од Škoda Motorsport учествуваа во развојот на Škoda Afriq повеќе отколку во кој било студентски автомобил досега. Во проектот беа ангажирани 25 студенти, меѓу кои и три дами. Возилото е замислено како омаж на оригиналното Рели Дакар и на градот Дакар во Сенегал, Африка, каде што најпредизвикувачкиот автомобилски натпревар надвор од асфалтот завршуваше до 2007 година. Со возилото, Škoda потсетува дека е главна марка во концернот Volkswagen за земјите во Северна Африка.

„Нашиот студентски концептен автомобил годинава, Škoda Afriq, претставува импресивен резултат од врвната креативност и талент на нашите идни вработени. Училиштето за професионална квалификација на Škoda Auto нив ги подготвува на најдобар начин за нивната кариера во Škoda Auto, давајќи им моќност да го применат и да го веднуваат тоа што го имаат научено во раната фаза од нивната обука за професионална работа“, изјави Марен Граф, членка на управниот одбор на Škoda Auto за луѓе и култура.

New item by Automedia MK / Google Photos

Почнувајќи од 1-ви јануари 2021 година, Škoda ја презеде одговорноста за сите активности на концернот Volkswagen во Египет, Тунис, Мароко и Алжир. Мисијата на Чесите е да го отворат потенцијалот за голем раст во овој регион. Како дел од Стратегијата 2030, Škoda има за цел да стане водечки европски производител на пазарите во Индија и во Северна Америка, од коишто се очекува голем раст.

Во изработката на Škoda Afriq се вложенми 2.000 часови работа

За да ја изработат ŠKODA AFRIQ, на студентите им беа потребни четири месеци, односно повеќе од 2.000 работни часови. Каросериската школка од Kamiq е преработена темелно. Задните врати се заварени за каросеријата, крилата и браниците се проширени. Подвозјето е зајакнато. Најголем предизвик беше вградувањето на погонската спрега за погон на сите тркала од ŠKODA OCTAVIA 4×4. Голема вежба за идните висококвалификувани работници во чешката марка беа и масивните структурни зајакнувања на каросеријата.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Сите модели на Skoda што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=skoda

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лани во светот се продадени 6,5 милиони електрични автомобили

Со возење електричен Fiat се заработуваат e.Coins