Lancia најавува ренесанса, нов модел во 2024 година

Сто нови дилери во 60 главни градови во Европа, тоа е главниот дел од најавата за големото враќање на италијанската марка Lancia, покрај пристигањето нови модели, секако електрични.

Лука Наполитано, извршен директор на Lancia, на големиот ден за италијанската автомобилска индустрија и за светската сцена на четири тркала, изјави дека „Lancia е подготвена за Европа, преземајќи го првиот чекор за да стане веродостојна и почитувана марка во премиум сегментот.“ Италијанците започнуваат со исполнување на десетогодишниот план што беше најавен уште лани во септември. „Ние сме марка на италијанската елеганција и ова е нашата ренесанса. Иновацијата и безвременскиот дизајн отсекогаш биле наши клучни вредности, на коишто сакаме да додадеме одржливост, посветеност кон клиентите и одговорност“, заклучи менаџерот.

Прв нов модел во 2024 година ќе биде Lancia Ypsilon. Престижниот модел во класата на градските автомобили ќе биде долг 4 метри и во почетокот ќе се нуди само во верзија што ќе вози чисто на струја. Две години подоцна пристига новиот СУВ-знаменосец, веројатно под историското име Aurelia, долг 4,6 метри, којшто ќе овозможи влез на Lancia во најголемиот сегмент во Европа. Во 2028 година се очекува и новата Delta, со геометриски прецизни линии, во знак на легендарните претходници.

Со овие три модели ќе се покриваат 50% од пазарот и ќе се обезбеди поубедливо присуство на концернот Stellantis во премиум и луксузниот сегмент.

По 2028 година, италијанската марка со големо име во релито, ќе продава само 100% електрични автомобили. Заедно со чистиот погон, ќе се вложува и во нови одржливи материјали, односно ќе се применува висок удел на рециклирани материјали.

Во кабината ќе владее посебниот печат на Lancia, со нагласок на елеганцијата. Примената на ексклузивни материјали ќе се повикува на славните претходнички, како Gamma, Thema и Flavia. До функциите во возилото ќе се пристапува преку S.A.L.A., кусо од Sound Air Light Augmented (сала на италијански е дневна соба). Тоа ќе биде крајно едноставен и интелигентен виртуелен начин на користење на функциите. Почнувајќи од музика, до климатизација и осветлување, до сé ќе се пристапува преку едно копче.

Lancia во Италија со поголема продажба од Alfa Romeo во цела Европа

Претходна објаваKia го продаде својот 10-милионити автомобил во САД
Следна објаваЛани во светот се продадени 6,5 милиони електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here