Kia го продаде својот 10-милионити автомобил во САД

Додека пристигаат нови модели што ќе дадат уште посилен поттик на продажбата, Kia America ја одбележува продажбата на своето 10-милионито возило во Соединетите Држави.

Откако почна со продажба во 1993 година, Kia напиша едно од најуспешните поглавја за успех во автомобилската индустрија. Возилата на марката воедно уживаат глас на квалитетно изработени возила, на погоден дизајн и примерно технолошко ниво.

Славеничкото десетмилионито продадено возило на Kia е електричен кросовер EV6 во ранвеј-црвена боја. Сопственичка на автомобилот е извесна Монти Кароенфонг, којашто го купила возилото во Car Pros Kia Moreno Valley во долината Морено, во Калифорнија. Тоа што се погодило јубилејниот автомобил да е токму од електричниот кросовер EV6, претставува убаво сведоштво за напредокот што Kia го постигнува во електромобилноста. Корејската марка има поставено цел да стане светски лидер во поглед на електромобилноста и во услугите за мобилност. EV6 е воедно и европски автомобил на 2022 година.

Во чест на јубилејот, Kia заедно со госпоѓица Кароенфонг, ќе отпочне бројни активности. Производителот ќе донира 10.000 долари на непрофитни организации, вклучувајќи ја детската болница Сент Џуд, здружение за болни од алцхајмер и организација за лица со потреба од помошно куче.

Електрична Kia EV6 ќе биде ставена на располагање и за легендарната спортска сала на Лејкерси, што неодамна е преименувана во Киа Форум

„Ние долги години сме киа фамилија‘, но откако ја видовме EV6, повеќе немаше двоумење дека тоа ќе биде нашиот следен автомобил“, изјави новата сопственичка Монти Кароенфонг. „Мошне возбудлив беше и самиот ден на преземање на возилото, но беше неверојатно кога дознавме дека сме и 10-милионити купувачи на Kia во САД, што ја потврди нашата љубов кон оваа компанија и кон електричното возење.“

Kia во 2040 година ќе нуди само автомобили со чисто електричен погон во својата моделска програма.

Kia EV6 ја победи Tesla на класичниот американски „coast to coast“

Претходна објаваНовиот директор на Автоваз е поранешен руски министер за транспорт
Следна објаваLancia најавува ренесанса, нов модел во 2024 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here