Новиот директор на Автоваз е поранешен руски министер за транспорт

Niva повторно го носи логото на Lada
Niva повторно го носи логото на Lada

Одборот на директори на Автоваз, најголемиот производител на патнички возила во Русија, со Руската Федерација (претставувана од НАМИ) и со државната корпорација Ростек како главни акционери, едногласно го одобрија поставувањето на Максим Соколов на местото на претседател на Автоваз.

По повод значајното поставување нов директор на Автоваз, Министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, Денис Мантуров, најави дека „Автоваз во блиска иднина ќе се соочи со големи предизвици.“ Министерот посочи дека врз платформите од руските модели ќе се развиваат нови модели, со користење домашна стручна сила и со максимално ангажирање на руските добавувачи. „Максим Соколов може да смета на целосна поддршка од Руското Министерство за индустрија и тровија и водечкиот институт за автомобилски развој во земјата, НАМИ, којшто сега е главен акционер во Автоваз“, заклучува Мантуров.

Главниот проблем за продолжувањето со производство е тоа што мора да се најде замена за деловите за вградување, што претходно се обезбедуваа преку мрежата од добавувачи на Рено. Од Соколов се очекува да обезбеди натамошно напредување на марката Лада и развој на целата автомобилска индустрија, во силна и независна индустрија во земјата.

„Компанијата е лидер во развојот и производство на домашни патнички автомобили подолго од 50 години и марката Лада им е позната на сите во Русија и во бројни држави“, коментира новиот директор Максим Соколов. Поранешниот руски министер, како главна цел поставува задржување на работната сила во компанијата и исполнување на социјалните обврски. Првиот голем предизвик во поглед на производството на Лада ќе биде ангажирање на добавувачите, коишто главно се лоцирани во регионот на Самара и во федералната област Волга. „Марката Лада ќе продолжи да се развива и ќе ги одушеви своите фанови со нови модели“, најавува Соколов.

Максим Соколов е роден на 29-ти септември 1968 година во Ленинград. Во 1991 година, тој дипломира економија на државниот универзитет Ленинград. Во исто време, во периодот од 1989 до 1991 година, Соколов студира право на ленинградскиот универзитет. Соколов докторира во 2008 година, за три години подоцна да почне да предава менаџмент на државниот универзитет Ст. Петерсбург. Од 1994 до 2004 година, следи функција на генерален директор на ЗАО Роси, а подоцна станува генерален директор на ООО Корпорација С. Во 2004 година, идниот министер стапува во служба на градската администрација на Ст. Петерсбург, каде што раководи со комитетот за инвестиции и стратешки проекти. На таа позиција, Соколов ги привлекува во регионот, Toyota, Nissan, Hyundai, GM, как и кинески инвеститори.

На крајот на 2009 година, искусниот менаџер станува директор на управата за индустрија и инфрастуктура на Руската Федерација. Од мај 2012 година, следи функција на министер за транспорт на Руската Федерација, на којашто останува до 2018 година. Во следните две години, тој е на челни позиии во групацијата PJSC LSR. На крајот на 2019 година, тој презема позиција на заменик гувернер на Ст. Петерсбург, на која што раководи со комитетот за транспорт, инфрастуктура, туризам, транспорт и инвестиции, и со комитетот за индустриска политика, иновации и трговија на Ст. Петерсбург.

Претходна објаваСоларно-електричниот Lightyear One доби хомологација, продадени се 150 примероци
Следна објаваKia го продаде својот 10-милионити автомобил во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here