Audi e-tron GT е најдобар спортски автомобил во светот, со „тапија“

Некои победи се поголеми од останатите. Во изборот на најдобрите автомобили во светот за 2022 година, електричниот Audi e-tron GT quattro победи во категоријата на автомобили со високи перформанси. Титулите што имаат тежина на светската сцена се доделуваа по 18-ти пат, во Њујорк.

Номинации во три категории и победа во конкуренција на автомобили со високи перформанси е билансот од учеството на Audi e-tron GT quattro во изборот за Светски автомобил на 2022 година. Електричниот гран-туризмо крстосувач со четирите прстени, беше избран да се натпреварува во категориите за најдобро електрично возило, за најдобро возило со високи перформанси и за возило со најдобар дизајн. Победата на модерниот наследник на Audi Sport Quattro, му успеа во конкуренција со BMW M3/M4 и заеднички кандидираните Toyota GR86 и Subaru BRZ.

Станува збор за најголемо и најценето одликување за нови автомобили во светски рамки, поради што манифестацијата уште е позната и како „Оскари во светот на автомобилите“. Повеќе од 100 автомобилски новинари од целиот свет ги тестираа најтемелно новите пристигнати модели на сцената и даваа оцени за истите.

„Посебно нé радува тоа што целосно електричниот Audi e-tron GT quattro по само една година од својата светска премиера се најде меѓу финалистите во три категории“, изјави Оливер Хофман, директор за технички развој во Audi. „Тоа што Audi e-tron GT quattro ја освои титулата на Светски автомобил со високи перформансии тоа што Audi петти пат го освојува ова одликување, секако дека прави да бидеме горди. Audi e-tron GT quattro докажува дека електричната мобилност, покрај тоа што е одржлива, исто така може да биде и динамична и фасцинантна.“

По 2026 година, новите моделски генерации на Audi, што ќе бидат наменети за светскиот пазар, ќе користат исклучиво електричен погон. Една година пред тоа, сите фабрики на Audi ќе постигнат целосна неутралност во поглед на емисијата на СО2. Во Брисел, Ѓер и во Белингер Хефе, каде што се произведува Audi e-tron GT quattro, тоа веќе е постигнато.

Сите добитници на награди во изборот за Светски автомобил на 2022 година

HYUNDAI IONIQ 5 – Светски автомобил на годината

HYUNDAI IONIQ 5 – Светски електричен автомобил

MERCEDES-BENZ EQS – Светски луксузен автомобил

AUDI E-TRON GT – Светски автомобил со високи перформанси

TOYOTA YARIS CROSS – Светски урбан автомобил

HYUNDAI IONIQ 5 – Најдобар дизајн на автомобил во светот

Претходна објаваRange Rover Sport: Шест цилиндри минимум, со антивирусна клима
Следна објаваMitsubishi Space Star најпродаван, Corolla втора, Suzuki со 101 возило за три месеци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here