Range Rover Sport: Шест цилиндри минимум, со антивирусна клима

Поскапите модели, каков што е Рејнџ Ровер Спорт СВР, го пумпаат профитот на ЈЛР.

Нема криза за овие автомобили, нема ниту една од актуелните кризи што го погодуваат светот. Range Rover Sport е модел од благородничка марка и го покажува тоа. Каросерија што е измазнета како опал во венчален прстен, не постои на друго место.

Скромноста не е доблест кога се работи за новиот Range Rover Sport. Сé е изведено да оддава престиж и луксуз, да биде масивно и да биде значително поскапо во споредба со претходникот. „Sport“ изгледа како уникат, како примерок направен по нарачка. Колку се поместени границите, покажува и форматот на тркалата што првпат се достапни во оваа димензија: 23 инчи или 58,4 сантиметри, речиси колку две тркала на фиќо.

Шест цилиндри се стандард кај моторите, со исклучок на P530, каде што работи V8 со 530 КС. Гамата почнува со дизелот D250, којшто во Германија чини 93.000 евра или близу 20.000 евра повеќе од основниот модел кај претходникот. Така се создава поголема разлика со Velar. Стандардната опременост опфаќа пневматска суспензија, навигација, камери за комплетна слика околу возилото, увид во длабочната на водата во којашто се влегува и говорни команди Amazon Alexa. Меѓу опциите се издвојува управувањето на сите тркала, коешто ќе донесе поголема управливост и прецизност во возењето.

https://photos.app.goo.gl/YqpdRnNwfNLSSLcQ6

Третата генерација порасна во должина за 70 милиметри, а ширината изнесува рамно 2 метри. Назад има 31 милиметар повеќе простор за колената. Максималната зафатнина на багажникот исто така порасна на 1.869 литри. Иако е поголем и има повеќе техника, Sport празен тежи 2,3 тони. Каросеријата целосно е изработена од алуминиум, единствено челниот ѕид на кабината е изработен од челик.

https://photos.app.goo.gl/e9ChpFHaq8gyautX6

Главниот инженер и шеф на проектот Ерол Мустафа посебно внимавал да се задржат теренските способности на Range Rover: „Го тестиравме на Нирбургринг, но и во пустина. Каросеријата е покрута за 35 проценти, а со двокоморната пневматска суспензија добивме уште осум милиметри растојание од подлогата – сега се максимално 285 милиметри. Длабочината на понирање од 900 mm е на ниво на Defender“.

https://photos.app.goo.gl/Pzgsv4831AkYvgZ56

Погонската техника е целосно преземена од големиот Range. Во повеќето моделски изведби работи 3,0-литарски шестцилинцарец во линија, произведен во Волверхемптон. Автоматските менувачи со осум степени пристигаат од ZF. Место централен диференцијал, сега работи ламелна спојка, опција е електронски регулирана блокада во задниот диференцијал.

Само привремено, 530 КС се максимум во новиот Range Rover Sport: В година пристига SVR, уште посилен и побрз

Круна на гамата е P530 со 4,4 литарски твинтурбо V8, со 530 PS, спринт од 0 до 100 km/h за 4,5 секунди. „Тркачката“ варијанта под ознаката SVR следи в година. Моќноста е доблест и на моделот со приклучен хибриден погон и 510 КС, 700 Nm и досег на струја до 88 километри.

Голема разлика има во седењето. Седиштето е спуштено 20 mm. Средишната конзола е помасивна. Разлики ќе почувствуваат и благородниците што го користат Range Rover Sport за „работа“. Задната камера е поставена пониско и средишно, за куката да биде во кадар. Тоа беше проблем кај претходникот, каде што не се гледаше куката при влечење приколка.

Како печат на денешницата, кожата е стандард за седиштата, а опција се природни и еколошки материјали. За сета техника што е вградена во овој џиновски автомобил да добива врска со светот, односно да се поврзе на нет, Range Rover Sport користи две антени на покривот.

https://photos.app.goo.gl/3WmDSccztrbB3e8m7

https://photos.app.goo.gl/1CPUZrUWHFGJruidA

https://photos.app.goo.gl/BtY1q8ErsU9voAh98

https://photos.app.goo.gl/83Ah7MAhaSihHk6BA

https://photos.app.goo.gl/JXeLZHXo4XJqG7og7

https://photos.app.goo.gl/ye1N6G7y2LzUeJoC8

https://photos.app.goo.gl/EJHkSSEiDSor4gQZ8

https://photos.app.goo.gl/TJEMV5dddoyNeMEG8

https://photos.app.goo.gl/FGjKcbd19ZsHoeRM8

https://photos.app.goo.gl/rfJDM9hCvU7fPrCt9

 

Претходна објаваAudi стартува со продажба на RS 3 во Америка
Следна објаваAudi e-tron GT е најдобар спортски автомобил во светот, со „тапија“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here