Mazda го реновира музејот пред одбележувањето еден век постоење на марката

Музејот на Mazda, којшто е дел од седиштето на компанијата во Хирошима, целосно е реновиран во чест на големиот јубилеј на марката. Бројни историски возила се изложени во музејот, на коишто секако ќе им се израдуваат љубителите на Mazda, но и сите љубители на автомобилизмот и на техниката. На јапонската вештина на изработка, исто така.

Стратешки најважниот објект за стогодишнината на Mazda е подготвен за отворањето за публика на 23-ти мај. Музејот на марката во Хирошима е комплетно преуреден, за на посетителите да им се овозможи непосредно да го почувствуваат духот на Mazda.

Од пред неколку денови музејот може да се посети и онлајн, за колку е можно повеќе посетители да можат да ги разгледаат музејските поставки што сведочат за богатата историја на Mazda.

Во стилот преовладува еднобојна шема, во комбинација со светло во топли бои и дрвени површини. Надворешниот и внатрешниот дизајн на музејот ги следат начелата на актуелниот дизајн на самите автомобили на Mazda.

На посетителите им се понудени 10 различни зони, со декорација и осветлување што одговараат за соодветната зона. Влезното подрачје им нуди на посетителите простор да се релаксираат и да ги запознаат најновите модели на Mаzda. Компанијата организира фабрички тури, вклучувајќи и гледање на реалното производство на возила.

Зоните на музејот на Mazda

Влезно подрачје: Го претставува стилот на марката Mazda и ги прикажува најновите модели

Зона 1: 1920 – 1959: Потеклото на духот Моноцукури (производство на автомобили)

Зони 2, 3: 1960+: Поставување темели за проширување на понудата од модели (Дел 1)

Зона 4: Мотоспорт: Глобален предизвик на Mazda, престиж и технологија

Зони 5, 6 и 7: 1960+: Поставување темели за проширување на понудата од модели (Дел 2)

Зона 8: Технологија: Моноцукури на Mazda што е ориентирано кон човекот

Зона 9: Тура низ погоните за монтажата на возила

Зона 10: Визијата на Mazda за следните 100 години

Линк до вебсајтот на музејот на Mazda: https://www.mazda.com/en/about/museum/

Online Mazda Museum https://www2.mazda.com/ja/onlinemazdamuseum/index_en.html

Mazda Kids Channel* https://www.mazda.com/ja/about/kids/

https://photos.app.goo.gl/RJrk4WhBSVYBnt9S6

https://photos.app.goo.gl/wioyTrYYsR29jDeDA

https://photos.app.goo.gl/FrtX87xaPKrnctuz5

https://photos.app.goo.gl/wWFNXih7n5qHo2uW9

https://photos.app.goo.gl/LC7Tg7pJx9Riwy5p7

https://photos.app.goo.gl/chd6oHZBg7v42vaHA

https://photos.app.goo.gl/nGxZ5SEzRibscXC16

https://photos.app.goo.gl/3HjSDwXMgVMGYsxS7

https://photos.app.goo.gl/zLwDq2d3k5xGYNvs5

https://photos.app.goo.gl/K9yJagx4mynUWqSP7

https://youtu.be/2eUt2kBStBk

Претходна објаваФранција ги лови гласните мотоцикли со „медуза“
Следна објаваИзбор за најдобар вулканизер ќе минеше посреќно од „Златно тркало“