Новата Серија 7 е спој меѓу BMW и Rolls-Royce

Моделското освежување на BMW X7 беше подготовка за изгледот на новата Серија 7. Како што долго и гласно се шпекулираше на сцената, светлата се на два ката. Разликата е во тоа што сцената сé помалку негодува за новиот стил на баварската марка. Тоа е доказ дека дизајн-стратегијата на Минхен напредува, паралелно со електро-стратегијата. На кругот на купувачи за којшто се наменети овие автомобили, очигледно му се допаѓа новиот дизајн на BMW.

Серијата 7 на BMW своевремено возеше со првиот повоен 12-цилиндарец од германско производство, сега првпат вози со електричен погон. Mercedes-Benz прв го направи тој чекор со EQS, по којшто во втората половина на годинава ќе следи и стартот на продажбата на EQS SUV. Додека Штутгарт користи две тотално различни платформи и два радикално спротивставени дизајнерски стилови за S-Class и EQS, електричната верзија на Серијата 7 кај BMW користи иста платформа со верзиите со хибриден и обичен погон што ќе следат подоцна.

Новата „седумка“ на германскиот пазар ќе биде достапна од ноември годинава. Прво ќе се нуди чисто електричниот i7. Во следната пролет доаѓаат дизел и два модели со приклучен хибриден погон, од коишто едниот ќе има улога на знаменосец – барем привремено. Гамата ќе ја заокружи i7 M70, којшто ќе стартува веројатно налето. Цените уште не се објавени, меѓутоа почетниот модел, со дизел мотор, сосем извесно ќе надмине 100.000 евра.

Разликата во изгледот меѓу електричниот i7 xDrive60 и верзиите 735i, 740i и 760i xDrive се сведува само во сината боја на каросериските додатоци

Радикални зафати се направени во изгледот на предниот дел. Дневните светла се издвоени високо и речиси се легнати како кај суперспортско купе, додека под нив се главните светла, коишто се целосно темни кога се исклучени. Исто како кај X7, опција е заднинско осветлување на џиновските бубрези. Тука дополнително се добиваат и светликави кристали сваровски во дневните светла. Ласерските светла се минато, техничарите оценија дека новите диодни светла се толку делотворни, што нема потреба да се нуди друга технологија.

https://photos.app.goo.gl/VXu2E4P5FJ1YNs3D9

https://photos.app.goo.gl/h9fP8TAovZcediW68

Страничната силуета е импозантна, но и крајно непрепознатлива за BMW, со висок појас и со ново толкување на традиционалната форма на „хофмајстеркник“ во задниот прозорец. Повеќе нема верзија со продолжено меѓуоскино растојание, сега секоја Серија 7 е во долгата верзија. Светлечката лента меѓу задните светла е напуштена, таму сега има место за големо лого.

https://photos.app.goo.gl/cAVCDQwzqeqKjWVy6

Во внатрешноста повеќе не владее атмосфера на кокпит, туку на луксузен салон што располага со врвна технологија. Кожа на седиштата повеќе не е „стандард“ во лимузина од овој ранг, таа улога сега ја презема волна, природна и изработена со најпримерна вештина. Главната улога во арматурната табла ја има светлечката лајсна по целата ширина. Оваа техно-лајсна се приспособува според расположението во кабината и прикажува анимации. Во неа се впуштени и отворите за проветрување, што остануваат одвај забележливи.

Заоблениот дисплеј што се состои од дигитални инструменти од 12,3 инчи и средишен дисплеј од 14,9 инчи, секако дека не смее да недостига, а заедно со тоа следува и BMW оперативен систем 8. Тоа значи дека ракувањето со функциите во најголем дел се врши преку говорни команди.

https://photos.app.goo.gl/xVA6r4rieUwdjZJ88

https://photos.app.goo.gl/z4ubyoAHNvMAaemJ6

Во лимузина од врвна класа, најважни се задните седишта. Според Баварците, просторот назад е изведен со намера патниците да добијат впечаток дека целата кабина се ориентира според задната клупа. Со избор на опцијата „Excecutive Lounge“, задните седишта се претвораат во лежај, којшто со комоцијата не заостанува зад авионска бизнис класа. Функциите назад се контролираат преку досплеи од по 5 инчи во рачките во вратите.

https://photos.app.goo.gl/nTSRo8srLqfr4iPf8

Овие дисплеи се користат и за Серијата 7 да се претвори во домашно кино на тркала. Уште една импресивна опција назад е мега-екранот од 31,3 инчи, со резолуција 8K и со целосна поддршка за Amazon Fire TV. Така патувањето на задната клупа се претвора во сосем ново доживување. BMW го најави тоа преку студијата што беше прикажана на салонот за електроника ЦЕС во Лас Вегас, во почетокот на годинава.

Списокот на опции е речиси бесконечен, со тоа што сега се нуди и можност за нарачка на двобојна каросерија. Исто така е достапно и автоматско затворање на вратите

https://photos.app.goo.gl/bTk2AWRqTxLYc1oE7

Моделските изведби 735i, 740i и 760i, со бензински мотор и благ хибриден погон, не се планираат за Европа. Продажбата ќе ја стартува електричната варијанта i7, по неа ќе следат останатите моделски изведби. Електричниот погон во BMW i7 xDrive 60 располага со 544 КС и вртежен момент од 745 Nm. Батеријата има нето-капацитет од 101,7 kWh, што во најдобар случај е доволно за 625 километри досег.

Дизелот 740d xDrive ќе вози со 300 КС и вртежен момент од 670 Nm. Привремениот топ-модел M760e ќе користи приклучен хибриден погон, со системски 571 КС. По него ќе следи и планираниот топ-модел i7 M70 со преку 600 КС.

Технички податоци · BMW i7 xDrive60

https://photos.app.goo.gl/mVmCNHM91fwuJapb7

Погон

Вид

Електричен погон на сите тркала, со по еден електромотор за предните и за задните тркала

Системска моќност

400 kW/544 КС

Системски вртежен момент

745 Nm

Менувач

Два едностепени менувачи

Електромотори

Технологија на мотори

BMW eDrive од петта генерација, синхрони мотори со струјна побуда; електромотор, електроника и менувач во заедничко куќиште

Електромотор напред

Максимални 190 kW/258 КС, трајни 70 kW/95 КС, 265 Nm

Електромотор назад

Максимални 230 kW/313 КС, трајни 95 kW/129 КС, 380 Nm

Батерија

Вид

Литиум јон, 376,4 V, нето капацитет 101,7 kWh

Полнење 10-100%

<9,5 h на 11 kW, AC

Полнење 10-90%

34 min на 195 kW, DC

Подвозје

Напред

Две алуминиумски водилки, приспособлива пневматска суспензија со автоматско дотерување на висината, електронски регулирани амортизери

Назад

Алуминиумска оска со пет водилки, приспособлива пневматска суспензија со автоматско дотерување на висината, електронски регулирани амортизери

Сопирачки

4-клипни напред, 1-клипни назад, сите вентилирани

Управување

Електрично серво, Sevotronic и променлив преносен однос; опција интегрално активно управување

Гуми

245/50 R19 105Y XL

Тркала

8,5J x 19 LM

Димензии

Д х Ш х В

5391 х 1950 х 1544 mm

Меѓуоскино растојание

3215 mm

Ширина на трага напред / назад

1714 / 1735 mm

Круг на вртење

13,1 m (12,3 со управување на сите тркала)

Празно возило

2640 kg, DIN

Носивост

610 kg, DIN

Приколка

2000 kg

Багажник

500 L

Отпор на воздух

Cx 0,24

Перформанси

0-100 km/h

4,7 s

Највисока брзина

240 km/h (лимитирана)

Потрошувачка

Просечна, WLTP

19,6 – 18,4 kWh/100 km

Досег, WLTP

590 – 625 km

https://photos.app.goo.gl/VnTwxg395XNHdAyq7

https://photos.app.goo.gl/56CQo1pruLEWAEg4A

https://photos.app.goo.gl/cnQa4deRic1kdmrv9

https://photos.app.goo.gl/ArANUYPKEjsyXmjX9

https://photos.app.goo.gl/XqeR6ms1HkygjCB79

BMW е поголем извозник на автомобили од САД отколку General Motors

Претходна објаваHyundai Ionic 5 е нереално реален автомобил
Следна објаваKia Sportage: Иновацијата се гледа надвор, се чувствува зад воланот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here