Volvo испрати нов софтвер „по воздух“ до 190.000 автомобили

Тоа е една од главните теми во браншата, по електричниот погон, автопилотираното возење и дигитализацијата – во автомобилите на Volvo автоматски се вчитува најнова верзија на софтвер, заедно со нови функционалности. Сето тоа се одвива over-the-air (OTA), додека автомобилот стои паркиран.

Откако батериските електрични модели на Volvo први ја воведоа можноста за OTA, за вчитување нов софтвер во возилата буквално по воздух, истата сега е достапна и за новите моделски годишта на XC90, S60 и V60. Тоа значи дека комплетната понуда од модели на шведската марка сега може да добие најнов апдејт на комплетниот оперативен систем во автомобилот „по воздух“.

Во текот на минатата недела, сопствениците на автомобил Volvo добиваа нов софтвер Android Automotive OS, Android 11, за инфо-забавниот систем во своите возила. Заедно со новиот софтвер се добива и пристап до нови апликации на Google Play, вклучувајќи навигација, полнење и паркирање. Во текот на годинава ќе следи и можност за видео-стриминг.

Бројни функции се унапредени, почнувајќи од подобро управување со енергијата, благодарение на неколкуте зафати во тајмерот за вклучување на климатизацијата, до новини во функционалноста на мобилните апликации и во апликациите во самиот автомобил.

Со новиот енергетски менаџмент подобро се одржува правилна температура во батеријата и при студено и при топло време, со цел да се зголеми досегот на истата. Исто е скусено и времетраењето за полнење, благодарение на претходното загревање на батеријата. До мобилната апликација од Volvo сега почесто се добиваат информации за напредокот на полнењето, додека автомобилот е приклучен на полнач.

Ова е осми комплетен апдејт на оперативниот систем во Volvo Cars, којшто се дистрибуира до повеќе од 190.000 автомобили од шведската марка ширум светот. Со најновиот апдејт, системот на OTA се воведува и на бројни нови пазари, меѓу кои Тајван и Нов Зеланд, откако претходно беа вклучени Јужна Кореја, Австралија, Тајланд и Сингапур.

Инфо-забавниот систем на Volvo е развиен во соработка со Google.

Volvo отвора 700 работни места за софтверски инженери во Стокхолм

Претходна објаваТоп-менаџментот на Volkswagen мора две години да вози ист автомобил
Следна објаваВо автомобилите на Nio не се полни батеријата, се заменува со полна

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here