Возач на Tesla добил порака од сервис да го провери маслото

Синџирот сервисни работилници Euromaster, којшто е дел од Michelin, постигнува мошне убедлив настап меѓу возачките и возачите во голем број европски држави, нудејќи квалитетна услуга на промена на гумите. Клиентите можат да добијат и најразновидни сервисни услуги и поправка на возилото. Едно писмо испратено до сопственик на Tesla, открива како овие сервисни работилници вистински го прошируваат својот круг на клиенти.

Сопственик на Tesla Model 3 во Германија, добил крајно необично известување од сервисната работилница, што ја посетил претходно заради менување на зимските со летни гуми. Во писмото од сервисот што е дел од големиот европски синџир Euromaster, на возачот на електричниот автомобил му се советува да ја посети повторно сервисната работилница, затоа што било утврдено дека нивото на масло во моторот е прениско.

Станува збор за синџир што само во Германија опфаќа повеќе од 300 сервисни работилници. Возачот на Tesla Model 3 нема забелешки за квалитетот на сервисот за гуми, а нема забелешки ниту за тоа што сервисот бесплатно ќе го проверел нивото на масло во моторот, меѓутоа е проблем тоа што Tesla Model 3 е 100% електричен автомобил, што ниту има мотор, ниту пак масло во моторот.

Целата приказна и не е толку наивна, затоа што открива една рутина, на клиентите повремено да им се испраќаат пораки во коишто тие се повикуваат божем за бесплатен зафат на возилото. Овие пораки, што се вообичаени во начинот на делување не само во автомобилската бранша, имаат за цел клиентите да се привлечат во сервисната мрежа на компанијата.

Очигледно е дека системот за „дојавување“ до клиентите малку затаил кај Euromaster, затоа што писмото што обично се испраќа до клиентите и клиентките, доспеало и до возач на електричен автомобил. 

https://twitter.com/raffaeru/status/1512374538121760771

Содржината на писмото:

Бесплатна проверка на ниво на масло во мотор

Почитуван господин …

Ви препорачуваме да го проверите нивото на масло во моторот. При Вашата последна посета во сервисниот центар Euromaster на 14.03.2022 е утврдено ниско ниво на маслото во моторот.

Нашите вработени во сервисниот центар Euromaster со задоволство ќе Ве советуваат и по барање ќе го сменат моторното масло.

Секако дека објавата на твитер поттикна бројни комични забелешки, меѓу другото се јавија и сервисери што менуваат течност за трепкачи:

Порака на дисплејот во Audi e-tron:

Претходна објаваMG во март ја зголеми продажбата во Европа за 142 проценти
Следна објаваTop Gear верува во Rimac Nevera: Награда за хрватскиот хипермобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here