Запленети луксузни возила од мафијата се понудени на наддавање во Баварија. Италијанската ‘Ндрангета ги користела автомобилите заради даночно притајување.
Во минатата есен полицијата во Баварија ѝ нанесе силен удар на италијанската мафија ‘Ндрангета. Во рамките на голема меѓународна акција, во октомври беа приведени четири лица барaни со потерница, кои ѝ вршеле услуги на мафијата. При рацијата во баварското гратче Ајхштет, меѓу другото биле запленети пет автомобили, околу коишто се водел целиот „даночен рингишпил“.
Автомобилите постојано се препродавале. Измамниците ги приложувале сметките во финансиската управа, по што добивале поврат на данок на промет. Тоа е можно, кога производите се извезуваат во други држави и не се продаваат на крајни корисници. Штетата што била причинета на тој начин изнесува 13 милиони евра. Барем мал дел од тој износ сега ќе се врати во државната каса. Луксузните возила ќе бидат понудени на наддавање.
Според објавата на германскиот дневник Билд, станува збор за автомобили од марките Lamborghini, Mercedes и Bentley. Од надлежната полициска инспекција за криминал наведуваат дека „не е невообичаено, данокот на промет кај такви автомобили да се исплаќа илегално“. Автомобилите на ново вределе неколку стотици илјади евра.
https://twitter.com/bildbuzz/status/1508723653822799875?s=20&t=n8wjTuysUaHVimexfdsS9Q
Во повеќето случаи, се предавале само документите за возилото, без автомобилите вооошто да се поместат од плацот на дилерите. Тоа било перење пари во голем стил. Акцијата на баварската полиција нема да ѝ нанесе штета на италијанската мафија, меѓутоа според баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман, приведувањата претставуваат важен успех во борбара против организираниот криминал во Баварија. На сторителите може да им се изрече затворска казна во траење до десет години.
















