Корпорацијата Toyota одбечежува уште еден историски успех. По 25 години од почетокот на продажбата на првиот Prius, автомобилскиот концерн постигна вкупна продажба од преку 20 милиони електрифицирани возила од марките Toyota и Lexus.
Покрај хибридни автомобили, во понудата од модели на Toyota спаѓаат и возила со приклучен хибриден погон, водороден и батериски електричен погон. Според интерните процени, со овие возила Toyota спречила емисија на 160 милиони тони СО2, односно ја поштедила планетата и сиот живот на неа од согорени 65 милијарди литри бензин.
Во насока на постигнување целосна неутралност на возилата кон климата, јапонскиот гигант во следните години значително ќе ја зголемува својата понуда: До 2025 година, во светскиот каталог на модели на Toyota ќе има повеќе од 70 модели со електрифициран погон. Од нив, 15 ќе бидат со погон на водород или со батериски електричен погон. Целта е до средината на деценијата да се произведат 5,5 милиони возила со електрифициран погон. Следен чекор ќе биде воведување 30 чисто електрични возила до 2030 година.
Со дваесетте милиони автомобили доаѓа уште едно историско постигнување: Само в февруари, марките Toyota, Lexus, Daihatsu и камионската мартка Hino прозведоа вкупно 884.528 возила со конвенционален и алтернативен погон, од кои повече од 531.000 возила се произведени надвор од Јапонија. Тоа претставува раст од 16 проценти наспроти истиот месец лани и нов историски рекорд.
Порасна и извозот за 6,3 проценти, на вкупно 154.636 возила. Светската продажба во вториот месец од годината достигна 774.860 возила. Во време на недостиг од чипови и последици од пандемијата, продажбата се движи приближно на нивото од лани.
Акио Тојода во претстава под работен наслов „Баравте гледајте“