Тоа е уште еден менаџерски успех на тимот на Еуроимпекс.Во новата кампања, увозникот на Opel порачува – Германски возила достапни веднаш, иновација за секого. Во овие денови, вниманието секако паѓа прво на „веднаш“.
Првото прашање на купувачите на нов автомобил по влегување во автосалон, во последниве месеци е: Дали вистински можеме веднаш да го преземеме возилото и да не чекаме со месеци за испорака? Увозникот на Opel н тоа одговара потврдно.
Од компанијата Еуроимпекс, Генерален увозник за Opel во Македонија, добивме информација дека моделите Opel Corsa, Opel Crossland и популарната Opel Mokka се достапни за испорака веднаш!
„Во соработка со Шпаркасе Лизинг е изготвена посебна понуда која се однесува за возила од лагер, а со цел да излеземе во пресрет на нашите потенцијални клиенти, обезбедивме фиксна каматна стапка од 3,99% и дополнително на тоа трошокот за каско осигурување за овие клиенти е намален за 50%“ – велат од Еуроимпекс.
Звучи примамливо зар не? Кампањата понатаму порачува – Бидете дел од германската иновација и уживајте во возењето со најновите технолошки системи за помош при возење.
















