Mitsubishi Space Star во тркачките бои на Ralliart

Mitsubishi е најмоќната членка во алијансата со Renault и Nissan во регионот на Југоисточна Азија. Марката неодамна најави враќање на името Ralliart, и тоа сега се остварува со поставата од модели за салонот во Бангкок.

Името Ralliart отсега се поврзува и со најмалиот член во понудата од модели на MItsubishi. На 43-от Салон на автомобили во Бангок, Тајланд, што се одржува меѓу 22-ри март и 3-ти април, премиера ќе доживеат три моделски изведби: Освежено издание на кросоверот Xpander и Ralliart-изведби на пикапот L200 и на Space Star.

Xpander е оригинално осмислен кросовер меѓу ван и СУВ, што наиде на фантастичен прием на пазарот, поради што мораше да се зголеува првично испланираната продукција. Од лансирањето на во 2017 година, Xpander го постигна токму тоа, освои нови пазари за Mitsubishi надвор од Југоисточна Азија и се продава успешно на Средниот Исток, во Латинска Америка, Јужна Азија и Африка. Лани се продадоа повеќе од 100.000 примероци, тој е главниот стратешки модел на Mitsubishi. Моделот што е ексклузивен за „не-Европа“, сега доби моделско освежување, што ќе ја држи продажбата на високо ниво и во следните години.

Тоа што нé интересира посебно, затоа што ги имаме во понуда во Европа, секако се малечкиот, но способен Space Star, како и пикапот L200. По претставувањето на изведбите под името на Ralliart од пикапот L200 (таму е Triton) и од Pajero Sport, следни модели се Space Star Ralliart и L200 Double Cab Ralliart.

Mitsubishi Space Star Ralliart

https://photos.app.goo.gl/z5uriY4s9YAgEEDb8

Ralliart e тимот што стои зад успесите на Mitsubishi во светското рели и заштитните бои на тимот сега се користат за спортски стилизиран изведби од моделите од редовната понуда на марката. Највпечатливото надворешно обележје се налепниците со ленти во црвена, сребрена и црна боја, заедно со црвени калници, точно во стилот на Lancer Evo што на марката ѝ донесе историски успеси во релито. На тоа следат уште бројни детали во надворешноста, како и во кабината.

 

https://photos.app.goo.gl/jfNajRYDFPte9st17

Крилата на Space Star Ralliart се лакирани црно, врз основа што личи на карбон, како цитат од тркачкиот Lancer во светското првенство во рели. Во внатрешноста пречекуваат патосници со логото на Ralliart и седишта во комбинација од црвена и црна боја.

https://photos.app.goo.gl/R3Rd9BcbiiRLYqrKA

https://photos.app.goo.gl/GgZHFobyzndecwtcA

https://photos.app.goo.gl/LzKwA4tBV2NBSoGJ6

Моделот што на македонскиот Mitsubishi-тим му донесе титула на најуспешен увозник на марката во европски рамки, се нуди со каросериоја во бела боја со фамозниот дијамантски ефект што е познат од Eclipse Cross, или во црвена металик боја. Покривот е црн, исто и предната маска, тркалата од лесен метал, капите на ретровизорите и задниот спојлер.

Слични зафати се извршени и кај пикапот L200, во специјалната изведба со спуштена каросерија. Полека се собираат новините што ги очекуваме во салонот на Mitsubishi во МакаутоСтар. Таму в година се очекува и новиот модел што ќе биде изработен врз основа на Renault Captur, од партнерската марка во алијансата.

Mitsubishi Xpander

https://photos.app.goo.gl/n9rTeCFesGBe7thP7

https://photos.app.goo.gl/zTTdDjibZdX6rFSk9

Тест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Претходна објаваPeugeot e-208: Наследство долго 50 години и продукција од 25 милиони примероци
Следна објаваСвечено отворена фабриката на Tesla во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here