Toyota Yaris Cross е автомобил на годината во Србија

Асоцијацијата на автомобилски новинари, во традиционалниот избор на Автомобил на годината во Србија, по повеќемесечни тестирања и оценувања на автомобилите што се понудени во продажба на српскиот пазар, ги објави резултатите за 2022 година.

Носителот на титулата Автомобил на 2022 година во Србија е Toyota Yaris Cross. Како што се наведува во соопштението од Асоцијацијата, Toyota Yaris Cross е кросовер што е креиран во Европа, по вкусот на европскиот купувач, и дава силен одговор од Toyota во автомобилскиот Б СУВ-сегмент, што бележи најголем раст.

Современ дизајн, две погонски варијанти – бензински мотор од 1,5 литар со три цилиндри, и хибриден погон што во синергија испорачува 116 КС – наидоа на одличен интерес меѓу купувачите, не само на српскиот пазар. Toyota Yaris Cross е единствен кросовер во Б-сегментот што се нуди и во верзија со погон на сите тркала.

Исклучително добро креираната внатрешност, со завидна просторност (просечната зафатнина на багажниот простор во Ц сегментот е 367 литри, додека Cross има зафатнина од 397 литри), голем број напредни системи за асистенција уште во основната варијанта, одлично избалансирани пакети на опрема, високо ниво на безбедност, достапност на пазарот, поволни услови на купување и одржување на возилото, придонесоа во најголема мерка за Toyota Yaris Cross да ја понесе почесната титула на Автомобил на 2022 година во Србија.

Volkswagen ID.4 ја понесе титулата на Електричен автомобил за 2022 година во Србија. Според објавата на здружението на колегите новинари од Србија, тоа е возило што ја донесува иднината на патиштата. Сосем нов просторен концепт, електрични перформанси што никого не оставаат рамнодушен, лесно управување, ова возило што е силно како СУВ е снабдено со ефикасен погонски систем. На располагање стои батерија со нето капацитет од 77 kWh и досег меѓу 360 и 520 километри, и системска моќност од 150 kW во верзијата Performance.

Возилото може речиси секаде да се полни. Во кругот на домот може да се полни со наизменична струја на приклучна кутија или на опционален ID полнач со моќност до 7,2 kW или 11 kW. Јавните станици дополнително нудат можност за брзо полнење со еднонасочна струја (до 125 kW).

Асоцијацијата на автомобилски новинари традиционално го прогласува и „ПР“ на годината во Србија, при што се зема предвид односот кон претставниците на јавниот збор, бројот на објавените ПР текстови и информации во медиумите, овозможувањето специјализираните новинари што подобро да се запознаат со новите модели, технологиите, но и со работата на компанијата, како во Србија и регионот, така и на пазарите во Европа и ширум светот.

Признанието од колегите новинари, за ПР на 2022 година во Србија му припадна на Александар Андриќ од компанијата Toyota Srbija.

 

Претходна објаваВо полски Вроцлав ќе возат електрични автобуси Mercedes-Benz
Следна објаваBosch го подзапира бизнисот во Русија, делови се користеле во борбени возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here