Гугл ќе служи и како авто-огласник

Гугл сака да заработува и од трговијата со автомобили. Светскиот пребарувач во иднина ќе нуди огласи, преку коишто дилерите ќе можат да ги понудат своите автомобили. Моќната компанија ја претстави новата категорија за огласи за време на Шоуто на Националната асоцијација на автомобилски дилери.

Тестирањето во САД ги донесе очекуваните резултати. Следниот чекор е новата категорија реклами да се понуди и во останатите држави. Начинот на работа е следниов: Доколку корисникот бара СУВ од 2019 година, тој соодветно ќе ги внесе податоците за пребарување во онлајн-пребарувачот. Потоа се прикажуваат возилата што се наоѓаат во близина, како и возилата што може да се испорачаат до местото. Корисникот добива информации за местото на коешто се наоѓа возилото, марката,моделот, цената и километражата, а секако и слики.

Кога заинтерeсираниот корисник ќе кликне врз огласот, тој понатаму се води до страницата на дилерот, каде што следат сите останати податоци и информации за возилото. Преку формулар ќе може да се испрати барање, како и да се добијат податоците за контакт со автосалонот.

Трговците во првиот чекор мора да се регистрираат во Google Merchant Center и соодветно да ја внесат и поврзат својата залиха од возила. Понатаму, дилерот добива информации за рекламните активности и може да избира меѓу неколку опции. Според Гугл, бројот на посети на дилерите што поставиле огласи, во пробната фаза се зголемил во просек за 25 проценти.

Претходна објаваЛос Анџелес: Несакан тв-пренос од уличен судир
Следна објаваВо Источна Европа ќе се гради 4-та фабрика за батерии на Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here