за

Лос Анџелес: Несакан тв-пренос од уличен судир

При известување во живо од место на коешто често се случуваат сообраќајни незгоди, камерата го снима токму тоа, сообраќајна незгода, со екстра драма.

Репортер на локалната телевизија KTNA доби најверодостоен доказ за опасната крстосница во јужниот дел на калифорнискиот град Лос Анџелес. Додека зборуваше за честите незгоди што се случуваат на местото, директно пред камера се случи сообраќајна незгода.

Репортерот Џин Канг, од локалниот телевизиски канал KTLA, штотуку го имаше почнато своето известување за случајот на тешка незгода со кобни последици, по којашто виновниот возач побегнал, кога директно на крстосницата се случи токму тоа – судир меѓу две возила и бегство на возачот од местото на незгодата.

Канг известуваше од крстосницата меѓу Хувер и 84-та улица, на којашто двојно е зголемен бројот на незгоди, од почетокот на пандемијата. Камерата во тој момент точно го улови судирот меѓу две лимузини, по којшто еден од возачите побегна. Сето тоа беше мошне вешто уловено од камерманот.

Телевизиската екипа потоа повикала 911, за по пристигнувањето на полицијата да се испостави постоење сомнеж, дека побегнатиот возач всушност бегал од претходно извршено криминално дело. Нема повредени во судирот.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda по 40 години го враќа Dax во Европа

Гугл ќе служи и како авто-огласник