Toyota ќе вози 24 часовен маратон со синтетичко гориво

Тимот TGR-E United, што го сочинуваат вработени во компанијата и дел е од европскиот огранок на Toyota Gazoo Racing, на крајот на мај ќе вози 24 часа Нирбургринг во автомобил што користи синтетичко гориво.

Бензинот под име Racing e-Fuel 98 е речиси неутрален во поглед на емисијата на СО2. Овој бензин ќе ја задвижува Toyota GR Supra GT4, којашто е развиена во центарот за мотоспорт во Келн и користи 3,0-литарски шестцилиндарец, што во мал обем се разликува од стандардниот мотор. Бензинецот е оптимиран за мотоспорт и ослободува 430 КС.

Партнери во проектот се групацијата Lother (управува со синџирот станици за гориво Nordoel) и производителот на хемиски постројки Chemnitz GmbH (CAC Chem). За синтетичкиот бензин е издаден сертификат и истиот се произведува во CAC, во соработка со Техничкиот Универзитет Фрајберг, во најголемата демо-постројка во Европа.

Годишно може да се произведуваат до еден милион литри. „Поаѓајќи од метанолот, којшто може да се добие од СО2 и зелен водород или од биометанол, CAC патентираше процес што не користи фосилни суровини“, објаснуваат од компанијата.

За тестирање на пробна рампа и за флотно тестирање на горивото од страна на производителите на автомобили и мотоцикли е обезбедена количина од околу 46.000 литри од погонското гориво што е пријателско за животната средина.

Претходна објаваНајважното прашање: Како да заштедите гориво?
Следна објаваKia во 2027 година ќе има 14 електрични модели во понуда

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here