Милтимилијардерот и техно-визионер Илон Маск, стандардно преку својот профил на твитер се заблагодари за одобрението за фабриката во Берлин, прва фабрика на компанијата за електрични автомобили на европска почва.
Илон Маск синоќа на својот профил на твитер искажа благодарност за добиеното одобрение за фабриката во Гринхајде, на дваесетина километри оддалеченост од Берлин. Првиот човек на Tesla објави на германски јазик: „Die Zukunft ist sehr spannend!” (иднината е мошне возбудлива). Педесетгодишникот додаде и „Ich möchte mich recht herzlich bedanken.” (сакам да се заблагодарам од срце).
Во следната објава, Маск вети дека при отворањето ќе изведе нови танцови чекори, како што направи и многупати досега.
Ich möchte mich recht herzlich bedanken. Die Zukunft ist sehr spannend! 🇩🇪 🇩🇪
— Elon Musk (@elonmusk) March 4, 2022
Tesla во петокот конечно доби зелено светло за својата прва европска фабрика во Гринхајде, во близина на Берлин. Одобрението од властите дојде по две години од почетокот на градежните работи. Tesla во рок од две недели ќе ја комплетира процедурата на германската сојузна покраина Бранденбург и во најкус можен рок ќе започне со сериско производство на Tesla Model Y. Фабриката практично е готова. Калифорниската компанија градеше на голем ризик од можно одбивање на издавањето одобрение од страна на германските власти. Досегашните градежни работи се изведуваа врз основа на 19 предвремени одобренија.
https://twitter.com/PPathole/status/1499947720743985154?s=20&t=fC-J-hZfu4jBTHIhpBJSiQ
Tesla доби одобрение, производството во Берлин може да стартува
















