Volkswagen ќе гради фабрика за електричниот Trinity вредна 2 милијарди евра

Изградбата на новата фабрика за Trinity во Волфсбург ќе биде најголем зафат во историјата на матичното седиште на Volkswagen. Градежните работи во Варменау, предградие на Волфсбург, планирано е да започнат веќе во следната пролет.

Со најнови производствени методи и неутрално во однос на емисијата на СО2, од 2026 година во новата фабрика на Volkswagen во Волфсбург ќе започне производството на новиот модел Trinity. Примерот на оваа фабрика, понатаму ќе го следи и матичната фабрика на германскиот производител, како и сите останати фабрики на Volkswagen.

„Со Trinity и со новоизградената фабрика ќе поставиме нови мерила во автомобилската индустрија и Волфсбург ќе го претвориме во огледен пример за најсовремено и најефикасно производство на автомобили“, порача Ралф Брандштетер, извршен директор на Volkswagen. Новата фабрика, според шефот, ќе биде доказ дека и во индустриски развиената Германија може да се постигне економски исплатлива трансформација на производството.

Во близина на фабриката од којашто имаат излезено десетици милиони примероци од Beetle и Golf, наскоро ќе започне производство на автомобили со максимална грижа кон животната средина и со неутрален биланс во поглед на емисијата на СО2.

Volkswagen Trinity во основата не е друго освен наследник на Passat со електричен погон и најнапредна технологија

Во матичната фабрика во Волфсбург ќе започне со работа и работниот камп Sandkamp, каде што меѓу другото ќе се развива идната платформа за автомобили SSP, којашто ќе може да се користи за најширок дијапазон модели. Trinity ќе биде прв модел од големоволуменскиот сегмент што ќе ја користи оваа напердна платформа. 

Околу фабриката за Trinity се планирани и капацитети за развој на батерии, за полнење на истите, како и за дигитализација. Овие подрачја ќе овозможат задржување на бројот на работни места во регионот.

Trinity ќе биде носител на идната понуда од модели на Volkswagen, што целосно ќе се состои од возила со чисто електричен погон. Тој е сржта на стратегијата Accelerate. Автомобилот ќе се одликува со кусо времетраење на полнењето на батеријата и со досег од преку 700 километри. Во Tinity ќе работи најнапреден софтвер, којшто во голем дел ќе се грижи и за автономното возење според Ниво 4. Самата платформа SSP на концернот го овозможува тоа.

Врз платформата SSP се планира во целиот нејзин век да се произведат повеќе од 40 милиони возила. Trinity ќе овозможи оваа платформа да се користи во големоволуменскиот дел од пазарот.

https://youtu.be/9hoaRlHoXgw

Производството на Trinity ќе се разликува целосно. Volkswagen планира производството на еден автомобил да не трае подолго од 10 часови. За тоа да се постигне, се смалува бројот на варијанти на моделот, се скусува и бројот на компоненти, се постигнува повисока автоматизација, се поедноставуваат производствените ленти и се воведуваа нова логистика.

Во центарот за развој и истражување Sandkamp се вложуваат 800 милиони евра. До 2030 година, модерното производство на електрични автомобили врз платформата SSP се планира да се примени и во матичната фабрика во Волфсбург.

Пеле пред 60 години гостуваше во фабриката на Volkswagen во Волфсбург

Претходна објаваTesla доби одобрение, производството во Берлин може да стартува
Следна објаваИлон Маск вети дека ќе игра на отворањето на фабриката на Tesla во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here