Honda и Sony договорија соработка за електрични автомобили

Во писмото на разбирање што го потпишаа Honda и Sony се планира основање заедничка компанија којашто ќе развива и ќе продава престижни електрични возила, а соодветно ќе се понудат и услуги за мобилност.

Започнуваат преговорите меѓу Honda и Sony за основање заедничка компанија во текот на годинава. Моментно се поставуваат основите на договорите и обврските на партнерите во алијансата. Целта на здружувањето е развојните капацитети на Honda, технологијата за производство на каросерии и организацијата на сервисирањето на возилата, да се соединат со искуството на Sony во развојот и примената на технологии на телекомуникација, вмрежување, сензори и инфо-забавни системи. Ваквото здружување ќе доведе до нова генерација на мобилност и на услуги што се близку до корисниците и до животната средина.

Првиот електричен модел од „новата компанија“ се очекува да стартува во 2025 година. Заедничката компанија ќе палнира, дизајнира, развива и ќе продава електрични возила, но нема да поседува и да раководи со производствени капацитети. Тоа значи дека Honda ќе биде задолжена да го произведе првиот електричен модел во своја фабрика. Платформата врз којашто ќе се темелат новите услуги за мобилност ќе биде развиена од Sony.

Изјавите на извршните директори на двете компании

„Целта на Sony е да го ‘обезбеди светот со емоции, преку моќта на креативноста и технологијата’. Преку ова здружување со Honda, којашто долги години има насобирано обемно искуство низ светот и достигнувања во автомобилската индустрија, и продолжува да бележи револуционерен напредок во тоа поле, планираме да ја изградиме нашата замисла за ‘светот на мобилноста да стане емотивно место’ и да придонесеме во развојот на мобилноста, којшто се заснова на безбедност, забава и приспособливост.“

Кеничиро Јошида, директор на корпорацијата, претседател и извршен директор на Sony Group Corporation

„Новата компанија ќе си потави цел да биде предводник во иновацијата, напредокот и проширувањето на мобилноста ширум светот, преку земање широк и амбициозен пристап, за создавање вредност што ги надминува очекувањата и фантазијата на купувачите. Тоа ќе го постигнеме преку примена на врвната технологија на Honda и искуствата во заштитата на животната средина и во безбедноста, додека во исто време ќе ги применуваме технолошките капацитети на обете компании. Иако Sony и  Honda се компании што ги спојуваат бројни историски и културни сличности, нашите полиња на технолошка експертиза се разликуваат во голем обем. Затоа верувам дека ова здружување што ги спојува моќите на нашите две компании ќе обезбеди големи потенцијали за иднината на мобилноста.“

Тошихиро Мибе, директор, претседател и извршен директор на Honda Motor Co., Ltd.

Зошто Honda Jazz е меѓу најиздржливите автомобили што светот ги познава

Претходна објаваИлон Маск вети дека ќе игра на отворањето на фабриката на Tesla во Берлин
Следна објаваPeugeot во Шпанија закажува сервис онлајн, 100% дигитализација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here