Идната генерација на Mercedes E-Class нема да се нуди во такси-изведба

Со појавувањето на новата генерација на моделот во 2023 година, Штутгарт повеќе нема да произведува такси-варијанта од Mercedes E-Class. За германските таксисти, тоа е културна катастрофа.

Комуникацијата што се одвива меѓу дистрибутерите на Mercedes и такси-компаниите, открива дека изведбата за такси-превоз ќе биде укината во следната генерација на E-Class. Тоа го дознава германскиот неделник за екомомија Виртшафтсвохе.

Вработен во филијала на Mercedes што е одговорен за продажба на такси возила, им соопштува на „драгите таксисти“ дека Mercedes-Benz AG решиле изведбата „Das Taxi“ од E-Class да ја укинат со новиот модел што треба да се појави во 2023 година. Во следната година ќе се укине и такси-изведбата од B-Class, во моделското освежување што му претстои на компактниот ван.

Од Здружението на такси и рентакар компании на Германија, се обратиле до шефот на Mercedes, Ола Келениус. Во нивниот допис се наведува дека укинувањето на E-Class во такси изведба ќе биде „катастрофално“. Таков чекор би довел до „тешко нарушување на соработката меѓу здружението и Mercedes-Benz“, се наведува во писмото што е испратено до Виртшафтсвохе.

Од Mercedes соопштиле дека моментно се бараат најдобрите решенија со коишто ќе се одговори на потребите на такси превозот. „Во моментов се наоѓаме во фаза на сондирање за нов такси модел од патничката програма на Mercedes-Benz.“

Mercedes во почетокот на март го прекинал посебно поволното финансирање за нови такси возила. Досегашната каматна стапка за такси возила изнесуваче 2,99 проценти. Во иднина ќе се промени оваа стапка, односно такси возилата ќе се финансираат под помалку поволни услови.

Во такси браншата веќе се шпекулира дека Штутгарт веројатно планира овој голем огранок од своојот бизнис да го покрие со електричниот модел Mercedes-Benz EQE. Секако дека менаџментот на највредната автомобилска компанија во светот го има сето тоа испланирано вешто. Единствено е проблем тоа што E-Class како такси по германските улици е речиси културно наследство.

Берлин со 15.000 евра субвенционира електрични такси-возила

Претходна објаваPolestar испробува терен за кабриолет со погон на струја
Следна објаваПремиера во Тојота Авто Центар: Новиот Lexus NX ја електризира атмосферата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here