Градот Берлин ќе ги вклучи и такси компаниите во обемната програма за субвенционирање на купувањето електрични возила.
Германската престолнина вложува во такси возила со алтернативен погон што ќе возат на територијата на градот. Програмата за субвенционирање наречена „Електромобилност блиска до стопанството“, од 1-ви јули ќе ги вклучува и такси возилата.
Компаниите за такси превоз во Берлин ќе добиваат по 15.000 евра субвенција по возило при набавка на чисто електрични или водородни автомобили. Градските политичари ценат дека со преоѓањето на такси превозот на чист електричен погон ќе се постигне голем придонес во заштитата на животната средина, имајќи ја превид големата километража што ја минуваат такси возилата.
Од овој чекор се очекува да даде голем поттик, за компаниите да прејдат на електрични возила. Малите и средни компании во Берлин уште од јули 2018 година се опфатени во програма за субвенционирањето на купувањето електрични возила.