Последиците од војната во Украина може силно да ја погодат автомобилската индустрија. Здружението на германски производители на автомобили укажува на неизвесната ситуација: „Единствено е сигурно дека ќе има понатамошни ограничувања во проиводството на возила во Германија.“ Недостигаат важни компоненти и може да се појави кусок од суровини.
Фабриките на BMW во Минхен, Динголфинг и во Штајер, Австрија, како и фабриките на Mini во Оксфорд и во Холандија, во следната недела ќе ги запрат производствените ленти, затоа што недостигаат кабли од Украина. Volkswagen исто така објави соопштение денес, во коешто јавува за прекин на активностите на рускиот пазар.
Производителите и добавувачите вложуваат крајни напори за да најдат нови канали за испорака и да го зголемат производството во фабриките што се надвор од погодените региони. „Продолжувањето на производството на алтернативните локации е од клучен интерес на купувачите, на вработените, на компаниите и на Германија и Европа како економски сили“, соопштуваат од Здружението.
Воените дејствија во Украина доведоа до прекинување на добавувачките синџири. Транспортот е отежнат, производството во фабриките на добавувачите е нередовно. Во краток рок ќе се појави недостиг во испораката на кабли. „Тоа се комплексни компоненти, што во голем дел се изработуваат посебно за секој модел на автомобил. Таму нема резерви“. Европските производители на автомобили се снабдуваат со кабли главно од Тунис и од Украина. Производството не може на кус рок да се префрли во други фабрики.
Автоиндустријата се снабдува од 38 фабрики за компоненти во Украина
Здружението на германски производители на автомобили очекува дека во кус рок ќе се појави недостиг и поскапување на суровините. Тоа се однесува посебно на неонскиот гас, паладиумот и никелот.
Украина е вбројува меѓу најголемите снабдувачи со неон. „Очекуваме последици врз производството на чипови во Европа, коишто веќе се дефицитарна стока. Во производството на чипови се користат ласери со висока моќност, на коишто меѓу другото им е неопходен и благородниот гас неон“.
Само Германија има 43 фабрики од автомобилската индустрија во Русија
Можно е да се појави недостиг од паладиум од Русија, којшто се користи во производството на катализатори. Една петина од паладиумот што се увезува во Германија потекнува од Русија. Важна суровина во производството на литиум јон батерии е никелот. „Оваа суровина е незаменлива за електромобилноста да продолжи да напредува“, објаснуваат од германското здружение. Русија меѓу другото е важен снабдувач со никелова руда.
Volkswagen on Thursday joined other western car makers in suspending production of all vehicles at its factories in Russia, citing its “great dismay and shock” over Russia’s invasion of Ukraine https://t.co/XKhGBZxIgA
— The Wall Street Journal (@WSJ) March 3, 2022
Германската автомобилска индустрија, вклучувајќи ги добавувачите, оперира на 43 локации за производство во Русија и шест во Украина. Постојат уште голем број фабрики ширум светот, коишто добавуваат компоненти во двете земји.
Со потешкотии се соочуваат и добавувачките синџири од и до Кина, затоа што патните линии во дел минуваат низ кризниот регион, што го оневозможува транспортот. Влијанието од финансиските санкции од Западот кон Русија ќе ја погоди и автомобилската индустрија.
Denne artikel tegner et mere nuanceret billede. Tilsyneladende er kun USA der har har 90% afhængighed af neon fra Ukraine og Rusland. Der er også andre kilder til denne gas. Men ja den slags konsekvenser kommer vi til at have flere af. Lidt som #Brexit https://t.co/MOqZs0ZWB1
— Jørn Tychsen (@JornTychsen) March 3, 2022
Претседателката на Здружението на германски производители на автомобили Хилдегард Милер, објаснува: „Компаниите на германската автомобилска индустрија го осудуваат рускиот напад врз Украина“. Здружението безрезевно ги подржува санкциите на ЕУ: „Мора да се даде првенство на завршувањето на воените дејствија и на обезбедување итна помош, економските прашања се во втор план.“
















