Во Калифорнија се регистрирани 1 милион електрични автомобили

Брзото напредување на електромобилноста не е „само“ заради заштита на климата, туку и заради ослободување од зависноста за увоз на нафта, којшто по правило секогаш доаѓа заедно со увоз на политички влијанија и интереси. Калифорнија одамна се има поставено јасно во поглед на електричните автомобили. 

Американската сојузна држава Калифорнија се вбројува меѓу најважните индустриски региони во светот. Државата на Пацификот со години се повикува на титулата на најзелена од сите сојузни држави во САД. Новото достигнување е 1 милион електрични автомобили што се регистрирани во државата. Во бројката влегуваат батериските електрични и приклучните хибридни автомобили.

Калифорнија уште пред долги години го привлекуваше вниманието со масовната продажба на пионерот на хибридниот погон, Toyota Prius. Во богатата држава отсекогаш било посебен престиж да се биде виден во хибриден Lexus. На електричните автомобили им беше мошне едноставно да настапат на добро подготвен терен. Батериските електрични автомобили само им се придружуваат на хибридите на Toyota и Lexus. Приклучните хибриди (PHEV) во последно време ја губат трката.

Една четвртина од милион автомобили во државата се регистрирани само во минатата година. Патот до милионскиот број сепак беше долг. Во Калифорнија, на 31-ви декември 2021 година биле регистрирани 663.014 чисто електрични и 379.125 приклучни хибридни автомобили. Само лани биле регистрирани нови 184.000 електрични и 63.000 приклучни хибридни автомобили. Уделот на овие возила во вкупната продажба на возила во Калифорнија изнесува околу 12 проценти. Тоа е прилично голем удел.

Првата претпоставка е дека најголемиот дел од регистрираните електрични автомобили се Tesla, посебно престижната лимузина Model S. Но, реалноста е сосем поинаква. Електромобилноста започна практично со Nissan Leaf и со Chevrolet Volt, кон крајот на 2010 година. Продажбата на Tesla Model S вистински стартуваше дури во 2012 / 2013 година.

Во Калифорнија се продадени три од секои четири електрични автомобили во САД

Високиот удел на електричните автомобили секако дека се поврзува со високиот животен стандард во Калифорнија. Населението е значително побогато отколку во останатите сојузни држави, па соодветно и уличната слика не ја одредуваат големи и достапни пикапи, од типот на Ford F-150 или Chevrolet Silverado. По 2025 година, во земјата нема да биде дозволено регистрирање нови автомобили што користат само обичен мотор, без помош од електромотор.

https://twitter.com/Gunblaze69/status/1490082113944637444?s=20&t=MemRJCTurlDRuPuqIVEZsQ

Сопствениците на електрични автомобили уживаат и бројни привилегии. Тие меѓу другото смеат да ја користат крајната десна лента (Car Pool Lane), што е наменета за јавен сообраќај, дури и кога се сами во возилото. Таа лента, инаку смее да се користи со автомобил единствено во случај кога има повеќе патници. Во спротивно следи казна во висина до околу 350 долари. Во реалноста, тоа е голема привилегија во земјата и се верува дека многумина се решаваат за електтичен автомобил и поради таа причина.

Не е првпат Калифорнија да се појави во улога на предводник, на трендсетер. Производителите денес воопшто не се двоумат околу електричните автомобили. Напротив, пазарот бара примерок повеќе. Индустријата реагира, електромобилноста напредува со историско темпо.

>>> Калифорниско гратче забрани изградба на нови станици за гориво

 

Претходна објаваЗад новиот амблем на Peugeot 308 се крие многу технологија, буквално
Следна објаваHonda HR-V на фабрички мерења потроши помалку од плагин-хибрид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here