Салоните на Toyota ширум Европа со нова шема

Новините во организацијата на продажбата на новиот Aygo X се само вовед во новиот  настап на Toyota пред своите клиенти. Преведено од „латиница“, тоа значи дека Toyota во иднина ќе комуницира многу подиректно со клиентките и клиентите, и покрај возилата со имиџ што веќе им се совршено јасен и препознатив на секој човек на планетава, ќе нуди најразновидни услуги за мобилност. Секако дека целиот тој настап доаѓа заедно со нов изглед и организација на продажните салони на Toyota.

Новиот салон на Toyota во францускиот Ерани, во близина на Париз, прв го прикажува новиот концепт на Toyota во Европа. Тоа што клиентите ќе го почувствуваат во салоните на Toyota, што во претстојниот период ќе почнат да го применуваат новиот концепт, ќе биде централната улога на дилерите во пренесувањето на суштината на марката Toyota, додека таа преоѓа во компанија што ќе ги нуди сите услуги на мобилност, почнувајќи од продажба на автомобил, преку финансирање, до најразновидни нови видови на услуги.

Сето тоа звучи многу комплицирано, меѓутоа идејата на Toyota е луѓето да стекнат целосна доверба и да ѝ се обраќаат на „својата“ марка по избор за сé што е поврзано со возење, патување и услуги што се корисни при возењето и патувањето.

Новиот пристап на Toyota е дел од општата мисија Beyond Zero. На клиентите на Toyota ќе им се нудат услуги што ќе им останат во пријатно сеќавање. Новиот концепт на салоните на марката доаѓа со нов визуелен идентитет и со распоред на салонот, што ќе биде организиран како „место за клиентот“. Тоа подразбира место во коешто клиентот ќе се чувствува како дома и ќе може да комуницира со тоа што марката Toyota има да му го понуди, и во дигитална форма и преку разговор со продажните експерти на марката. Тоа нешто е многу слично со концептот што македонската Toyota го применува во својот салон во Скопје.

https://photos.app.goo.gl/FsKLXgJB1RdXNJ6x6

Во овие „места за клиентот“ ќе биде достапен целиот распон на производи и услуги, од возила на Toyota, производи на Toyota Gazoo Racing, електрични возила од подмарката bZ, користени и сертифицирнаи возила, постпродажба и услуги на мобилност што се водат под посебна марка Kinto. Се спомнуваат најразлични дигитални форми на пристапување до услугите и производите.

Кога ќе ја изберат услугата или производот што го бараат, или кога имаат потреба да се советуваат, клиентите ќе можат да го повикаат стручниот продавач, што ќе им понуди совет и помош точно според барањата и потребите на клиентот.

Новата организација и дизајн на салоните е дел од амбицијата, Toyota да прерасне во најелектрифицирана марка за мобилност по избор на клиентите.

Целата моделска понуда на Toyota на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваПремиерот на Баден Виртемберг се вози во електричен Mercedes
Следна објаваСедум денови во Kia Sportage: Први впечатоци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here