https://youtu.be/AtQIz5pkwwg
Големи имиња во рекламата на Toyota што милионска публика ја гледаше во рамките на неодамнешниот супербоул: Томи Ли Џоунс, Лесли Џоунс, Рашида Џоунс и Ник Џонас, покрај Toyota Tundra.
Рекламата за Toyota Tundra во времетраење од 60 секунди, првпат беше прикажана за време на полувремето на Супербоулот на 14-ти февруари. Приказната во спотот почнува со два големи пикапи Tundra, како се тркаат возејќи прво по асфалт, а потоа по терен. Зад воланот се светски ѕвезди, Томи Ли Џоунс и Лесли Џоунс. Одненадеж се појавува трета Tundra од новата генерација на моделот, вози Рашида Џоунс. Таа ги престигнува, додека триото пролетува низ кал, снег, по планина, во жестока битка за водство.
Додека запираат кусо на планинскиот гребен што открива широко пространство, пристига четврта Tundra. Возачот е Ник Џонас. Групата неволно одобрува тој да се придружи, по што следи пораката „задржи ја предноста во новата Tundra.”
Директорката за маркетинг за Северна Америка, Лиза Матерацо, зборува за значењето на видеото: „Новата Toyota Tundra се развиваше долги години, а има само една шанса да оставиш прв впечаток“. Јапонската марка со масивно присуство на континентот, вложи најголема сума досега, во рекламата за новата Tundra во САД. Секако дека во сумата влегува и ангажманот на ѕвездите од светската сцена. Рекламата сепак беше пуштена на најголемата „рекламна бина“ на планетата, на Супербоулот, следен од стомилионска публика.
Рекламата е дело на агенцијата Saatchi & Saatchi, режисер е ветеранот Брајан Бакли.
>>> Најголемата фабрика на Toyota во светот е во Кентаки и произведува Camry
















