Новата Opel Astra стартуваше со производство во фабриката во Риселсхајм. Во чест на пуштањето во редовно производство, на настанот присуствуваа министерот за економија на покраината Хесен, Тарек Ал-Вазир и градоначалникот на Риселсхајм, Удо Бауш.
Првите 500 примероци од новата Opel Astra веќе се излезени од производствените ленти. Марката од Риселсхајм го најавува својот нов модел како клучна пресвртница и како главна оска во електричната офанзива на Opel. Првите испораки до клиентите ќе бидат извршени напролет. Од почетокот ќе бидат достапни изведбите со приклучен хибриден погон. Веќе в година следи и чисто електрична изведба Astra-e.
„Новата Astra е развиена со многу љубов до најситниот детал. Таа е воедно моделот што можам да го претставам на мојот прв работен ден како шеф на Opel. Поради тоа, посебно се поврзувам со овој бестселер во компакт класата“, изјави извршниот директор на Opel, Уве Хохгешурц. „Дизајнирана, развиена, а сега и произведувана во нашето матично седиште во Риселсхајм, новата Astra ќе ѝ даде дополнителен залет на марката. Уште сега се радувам на моментот кога нашиот новак напролет ќе го видиме во салоните на дилерите на Opel и кај среќните корисници.“
https://photos.app.goo.gl/yqKpNWsSDWTsX9FM6
Von heute an baut @Opel den neuen Astra in #Rüsselsheim, Ministerpräsident #Bouffier und Wirtschaftsminister @talwazir sehen darin einen wichtigen Beitrag zur Standortsicherheit. Bis 2028 will Opel vollständig auf E-Mobilität setzen. @ZDF @ZDFhessen @WirtschaftHE #Hessen @OpelDE pic.twitter.com/ArjEdXkbQv
— ZDF Hessen (@ZDFhessen) February 10, 2022
Премиерот на Хесен, Фолкер Буфиер и министерот за економија Тарек Ал-Вазир во своите говори нагласија дека германската покраина Хесен е домот на Opel. Таму со генерации не само што се вози Opel, туку луѓето и произведуваат Opel и продолжуваат да ја развиваат марката. Матичната фабрика во Риселсхајм е важен работодавец во целиот регион.
Opel целосно ќе ја електрифицира својата понуда од модели до 2028 година
https://photos.app.goo.gl/i61vxccbykefXYsKA
Со почетокот на производството на новата Opel Astra, во фабриката во Риселсхајм повторно се работи во две смени. Директорот на фабриката Михаел Левалд зборува за новата локација за производство на Astra: „Тимот одлично се соочи со многубројните предизвици и покрај ограничувањата поради корона. Посебно сме горди за тоа што сме новиот дом на Astra и што тука можеме да го произведуваме најсовремениот бестселер во компакт класата со највисок квалитет.“
Со дизајнот и технологијата, Astra почнува нова ера за Opel
За новата Opel Astra важи дека е Design-Statement на марката: Подинамична е од кога било досега, со јасни и возбудливи форми, без непотребни украси и со новото лице на марката, со Opel Vizor. Новакот поставува нови стандарди и во поглед на технологиите и системите за асистенција. Astra внесува иновации од компакт класата, што клиентите досега ја познаваа само во поскапите модели. Во најновата генерација на Astra се нудат приспособливи светла Intelli-Lux LED Pixel, што не предизвикуваат заслепување. Техниката на светлата потекнува директно од знаменосците Insignia и Grandland, и со 168 диоди е водечка во компакт и средната класа.
Новата генерација на Astra постигна голем скок во внатрешноста. Со целосно дигиталниот Pure Panel, меѓу другото познат од Mokka, аналогните инструменти заминаа во минатото. Сега се зборува за HMI, Human-Machine-Interface, за нов начин на користење на функциите во возилото. Широкиот заеднични дисплеј се состои од два дисплеи, што ефектно се поставени под стакло. За контрола на климата остануваат неколку основни прекинувачи. Од германската марка ветуваат дека нивниот најнов модел нуди најлесно и најпрегледно ракување од сите модели на Opel досега.
Седиштата одамна се совладана тема во оваа марка. Предните седишта се од сопствен развој и поседуваат печат од германските ортопеди (AGR, Aktion Gesunder Rücken, акција за здрав грб) за правилна поддршка. Проекциски дисплеј и систем од камери што нуди преглед во 360 степени се само дел од ставките на долгиот список на напредни системи за асистенција.
https://photos.app.goo.gl/iBGiGtNoaTyUMt5bA
https://photos.app.goo.gl/giV9dChLBaQDmL6A9
https://photos.app.goo.gl/zo2ePRL3Tuxa5cgUA
https://photos.app.goo.gl/wXBVgL6oxyzMxCtF6
https://photos.app.goo.gl/krHfep1dEWLJza1Z6
https://photos.app.goo.gl/ULiHTEarWPvTrdv5A
>>> Најважните новитети кај Opel Astra L
















