Lamborghini е уверен дека светот ќе сака класични мотори и по 2030 година

Lamborghini Miura P400 Italian Job

Италијанската марка суперавтомобили што е дел од концернот Volkswagen верува дека ќе продолжи да вградува мотори со внатрешно согорување во своите автомобили и по завршетокот на деценијата. Тоа го изјави директорот Штефан Винкелман во интервју за германскиот неделник Велт ам Зонтаг.

Според Штефан Винкелман, извршен директор на Lamborghini, уште е прерано за светот да се откаже од моделите на италијанската марка суперавтомобили со мотор со внатрешно согорување. „По хибридизацијата, ќе почекаме да видиме дали ќе постои можност да понудиме возила со мотор со внатрешно согорување по 2030“, изјави директорот за германскиот неделник. Една од можностите за тоа ќе биде користење синтетски горива.

За овие горива, во групацијата се залага и спортската марка Porsche, каде што во соработка со уште неколку моќни компании се истражува можното производство на синтетски горива, што ќе бидат CO2-неутрални за животната средина. За производството на овие горива во индустриски размери ќе се применува електрична енергија добиена од силата на ветрот.

Винкелман во минатиот месец изјави дека Lamborghini планира да го претстави својот прв целосно електричен модел кон крајот на деценијата. Шефот со тоа ги коригираше своите најави од лани, дека таков автомобил би можело да се појави во текот на втората половина од деценијата, што некои протолкуваа дека би можело да се случи уште во 2026 или 2027 година.

Lamborghini, исто како ривалите Ferrari, Aston Martin и McLaren, води предизвикувачка битка за својата моделска понуда да ја префрли на погон на струја, без тоа да влијае врз исклучителните перформанси што се основа на имиџот на марката.

>>> Кога марките ќе ги произведат последните автомобили со обичен мотор?

Претходна објаваГерманските министри се возат во електрични автомобили
Следна објаваOpel го пушти производството на новата Astra под полна пареа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here