Mercedes-Benz лани заработил 14 милијарди евра

Групацијата Mercedes-Benz AG, во којашто спаѓаат Mercedes Benz Cars & Vans како главна деловна гранка, имаше финансиски силна 2021 година. Првичните бројки покажуваат 12,7% чиста заработка од прометот, наспроти очекуваните 10 до 12 проценти.

Тесното грло во снабдувањето со полупроводници не претставуваше пречка за Mercedes-Benz Cars & Vans да постигне чиста заработка од 15% во последното тромесечје во минатата година. Тоа се должи на доброто формирање на цените, добрата понуда од модели и поволните перформанси со трговијата со користени автомобили. Високата профитабилост на автомобилскиот огранок доведе и до голем прилив на готовина во индустриското производство, којшто ги надмина предввидувањата.

„Продолжуваме да ја спроверуваме нашата стратегија со полно темпо. Добриот резултат доаѓа од големиот интерес за продукците, како и од фокусираноста на профитабилен раст и дисциплина во трошоците. Како највредна луксузна автомобилска марка во светот, забрзуваме во целосно електрична иднина, којашто ќе биде задвижувана од софтверот“, изави Ола Келениус, претседател на управниот одбор на Mercedes-Benz Group AG.

Според првични и непотврдени бројки за деловната година 2021:

  • Mercedes-Benz Cars & Vans очекува чиста заработка во висина од 14 милијарди евра, односно заработка од 12,7%
  • Mercedes-Benz Mobility постигна зафаботка од 3,4 милијарди евра (22% добивка)
  • Free Cash Flow на индустрискиот бизнис во новиот состав на концернот (Daimler Trucks & Buses се водат до 9-ти декември 2021) е на ниво од претходната година, во висина од 8,5 милијарди евра.

https://twitter.com/MercedesAMG/status/1487349928280182786?s=20&t=SBdJ-rthLwWx3fg4lj8mHQ

Конечните резултати за деловната година ќе бидат објавени на Годишната Конференција 24-ти февруари 2022, а извештајот следи на 11-ти март.

>>> Mercedes-Benz лани продал 2,4 милиони автомобили и ванови

Претходна објаваГолема премиера во Kia: „За нас, Sportage е како посебен бренд“
Следна објаваTesla уште чека одобрение за фабриката во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here