Проект на Škoda: Го даваат автомобилот под наем и заработуваат од тоа

За новиот пронајдок на дигиталната лабораторија на Škoda досега се пријавени 150.000 корисници. Лани нивниот број се зголемил двојно во споредба со 2020 година. Освен во Чешка, Škoda HoppyGo е достапна и во Полска и Словачка. Сé што е потребно е автомобил и апликација на телефонот.

Одлично напредува платформата за изнајмување автомобили во режија на Škoda Auto DigiLab. Покрај тоа што сé поголем број корисници се пријавуваат за услугата, се зголемува (ca. +30%) и вкупниот број на денови во коишто автомобилите биле земени под наем. Во меѓувреме се воведуваат нови функции за давање и земање под наем на електрични автомобили, преку платформата HoppyGo.

Бројот на корисници на HoppyGo лани се зголемил за околу 50% во споредба со 2020 година и надминува 150.000 корисници. Само во Чешка во минатата година има 26.000 нов корисници. Поради високата заинтересираност за услугата, HoppyGo стартуваше и во Полска (15.000 корисници) и во Словачка (6.300 корисници). Бројот на денови во коишто возилото било дадено под наем се зголемил за една третина. Расте и времетраењето на изнајмувањето, од 4,2 преклани на 4,7 денови во минатата година. Соодветно и прометот во Чешка се зголемил двојно.

Ракувањето со апликацијата HoppyGo е поедноставено и овозможува лесно пријавување на корисниците и на возилата. Истото важи и за изнајмувањето на возилата. Сопствениците на електрични автомобили можат да ја прикажат моментната наполнетост на батеријата, досегот и времетрањето на полнењето.

Платформата HoppyGo е пуштена во 2018 година и има за цел да ги поврзе сопствениците што сакаат да го изнајмат својот автомобил во времето кога не го користат, со лицата на коишто им е потребен автомобил во моментот. Пријавувањето на возилото е едноставно. Корисниците понатаму ги вршат сите чекори преку мобилна апликација или преку вебсајтот.

Уште една страна на платформата е можноста да се тестираат возила. При почетокот на продажбата на Škoda Enyaq iV, корисниците на HoppyGo имаа можност да го земат електричниот СУВ на пробно возење во времетраење до четири денови. Enyaq iV беше резервиран во 90% од времето. Корисниците во просек минуваа по 530 километри.

Škoda планира истото да го повтори и со купе-изведбата ENYAQ COUPÉ iV, којашто неодамна беше пријажана премиерно.

При нашето пребарување на платформата што е достапна под https://hoppygo.com/en/ , само во подрачјето на Прага моментно се достапни 682 автомобили, од сите марки и модели. Може да се пребарува по вид на каросерија, по вид на менувач, гориво, опрема, година на производство, па и број на седишта. Пребарувањето за модел на Škoda со седум седишта, ни даде само еден резултат: Kodiaq 2.0 TDI со 200 КС. Сопственикот нуди можност сам да го довезе автомобилот, може да се вози и во странство и има важечка вињета. Цената е 2.040 чешки круни дневно, односно околу 85 евра. Во случај возилото да се изнајми на 7 дена, тогаш цената е 1.530 круни, односно помалку од 65 евра. Ако возилото се користи, на пример, за бизнис патување, со седуммина патници, што ете патуваат на секој саем, тоа значи дека за седум денови, користењето ќе чини вкупно 455 евра или 65 евра по патник. Нормално, платформата успева.

https://youtu.be/jtWw_GCCMnc

Целата моделска понуда на Skoda на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

 

Претходна објаваТретина од продажбата на Volvo се електрични и хибридни автомобили
Следна објаваПет метри теренец од Кина: Каде што има ix5, мора да има и ix7

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here