Шварценегер како Зевс во рекламата на BMW за Супербоулот

https://youtu.be/pxXrtoZh6_k

BMW не штеди за Супербоулот, финалето на американската фудбалска лига NFL, што ќе се одржи на 13-ти февруари во Лос Анџелес. Премиум производителот е единствен германски производител што се рекламира во рамките на финалето, коешто се смета за најважен спортски настан во светот.

Годинава во финалето се соочуваат Лос Анџелес Рамс и Синсинати Бенгалс. Не постои место во светот во коешто цената на рекламно видео е повисока отколку пред и за време на финалето на сезоната на NFL.

BMW уште претходно соопшти, дека за првпат по 2015 година ќе се приклучи на настанот со рекламен спот. Се претпоставува дека рекламата се однесува на нов модел со електричен погон во понудата на марката. Сега е јасен и составот на ѕвездите што Баварците ги ангажираа за Супербоулот.

Во тизерот во времетраење од 40 секунди што е објавен на јутјуб, како и на филмски плакати на инстаграм, BMW ги ангажира актерот и поранешен политичар Арнолд Шварценегер, актерката Салма Хајек и германскиот актер Ралф Мелер.

Шварценегер се појавува во тизерот за филмот, облечен како Зевс, најмоќниот бог во грчката митологија. Австриецот влегува „наелектризиран“ во кафе-шоп и нарачува од баристот лате макијато, кој делува избезумено од глетката.

Уште е отворено прашањето околу пораката во видеото и не се знае како во приказната се вплеткуваат мексиканската актерка Салма Хајек (во улога на Хера, сопруга на Зевс) и германскиот поранешен шампион во пливање Ралф Мелер (во улога на грчкиот бог Посејдон).

Единствено насловот на тизерот „Something Electric is Brewing“ (се готви нешто електрично) потврдува, дека станува збор за најава на електричен модел на BMW. Може да се очекува најава за новата серија 7, односно за нејзиниот сестрински модел i7 со погон на струја, но е можно да се работи и за клип за новиот iX1.

Рекламното видео ќе се емитува во ноќта меѓу 13-ти и 14-ти февруари на американските тв-канали. Истото нема да виде видливо во преносите (почнуваат околу 23 часот) во Европа, но BMW подоцна ќе го објави видеото на своите канали на друштвените мрежи.

>>> BMW i4: Започна производството на електричната „тројка“

Претходна објаваАналитичари: Автомобилскиот пазар повторно ќе расте во 2022
Следна објаваToyota зафаќа сé поголем дел од германскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here