Porsche во 2023 година ќе започне со сериско производство на електричната верзија на својот теренски автомобил Macan во фабриката во Лајпцих. Уште нема официјални податоци, колку примероци од електричниот автомобил ќе се произведуваат на годишно ниво.
Лани Porsche испорача близу 90.000 примероци од Macan со бензински мотор. Најголемиот дел од продажбата е постигнат на кинескиот автомобилски пазар. Macan нема да биде единствен модел со електричен погон што ќе излегува од фабриката во Лајпцих. Директорот Оливер Блуме во интервју за германските маедиуми најави и „други возила“, но притоа не наведе конкретни детали. Покрај Macan, во Лајпцих моментно се произведува и Panamera. Од фабриката излегуваат и каросерии за моделите на Bentley.
Во Лајпцих моментно се врши пренамена и проширување на прозиводствените погони, со цел фабриката да се префрли на производство на електрични возила. Се вложуваат 600 милиони евра, кои меѓу другото се наменети и за ново одделение за каросерии и сопствено производство на оски.
Целта е Porsche во иднина да ги произведува сите видови погон на иста лента. „Porsche Leipzig во иднина ќе биде во состојба да произведува три различни форми на погон – бензин, хибрид и чисто електрични возила – на иста линија“, изјави директорот на фабриката Герд Руп. Тоа значи дека фабриката ќе работи со максимална флексибилност.
https://photos.app.goo.gl/3HXr9DMofynPF2RN9
Михаел Штајнер, директор за истражување и развој во Porsche AG, пред два маскирани примероци од целосно електричниот Macan.
Во погоните во Лајпцих во 2022 се одбележува 20-годишнина. Porsche стартуваше во 2002 година со 300 вработени. Денес таму работат повеќе од 4.300 лица. Во лето се планира соодветна прослава.
>>> Ново Porsche во боите на историските модели

















