По региони, Европа му донела на Lexus раст од 2 проценти и вкупно продадени 72.000 возила, Северна Америка има раст од дури 12% и 332.000 возила, додека во Кина е постигнат рекорд со 227.000 возила, за еден процент повеќе отколку преклани.
Секое десетто продадено возило Lexus лани располагало со електромотор во погонот. Тоа се 260.000 примероци и рекорден удел од точно 10 проценти. Главните носители на електрификацијата и натаму се моделските серии ES, RX и UX. Од моделите, најпродаван е RX со 221.000 возила (+9%), по него следи лимузината ES (189.000 примероци, +3%), трет е NX (145.000 примероци, -1%).
За годинава се предвидува натамошно зголемување на учеството на електрифицираните возила, со почетокот на продажбата на новиот NX и посебно на неговата изведба NX 450h+ PHEV, како прв модел на луксузната марка на Toyota со приклучен хибриден погон. Тоа е воедно и историски најпродаван модел на Lexus во Македонија. PHEV-изведбата е посебно интересна затоа што кај нас за овие возила се плаќа половина од данокот за возило.

До 2030 година, Lexus ќе има комплетна понуда од батериски електрични возила во сите категории. Целта е продажбата тогаш да достигне 1 милион примероци на светско ниво. Се цели и на 100% продажба на електрични возила во Западна Европа, Северна Америка и Кина. Следен чекор е целосно преоѓање на производство на електрични возила до 2035 година.
Продажба на Lexus во 2021 година по главни региони:
- Северна Америка: 332.000 возила (112% во споредба со преклани)
- Кина: 227.000 возила (101%)
- Европа: 72.000 возила (102%)
- Јапонија: 51.000 возила (104%)
- Среден Исток: 28.000 возила (103%)
- Источна Азија: 30.000 возила (95%)
Коџи Сато, директор на Lexus за светскиот пазар: „Сакам да им искажам срдечна благодарност на сите клиенти на Lexus низ светот. И покрај континуираниот удар со ширењето на Ковид-19 и тесното грло во снабдувањето од добавувачите, успеавме да постигнеме рекордна продажба во 2021 година, со околу 760.000 продадени возила.“
Првите фотографии од Lexus RZ
https://photos.app.goo.gl/uvdgRBSNVPjsj6SE7
https://photos.app.goo.gl/vJpUBMJusTNYq17j8
Првиот човек на Lexus за светскиот пазар понатаму најавува дека Lexus ќе продолжи да ги усовршува единствениот дизајн и чувството во возење што ги освојуваат клиентите, засновајќи се на идејата за „марка којашто на крајот сепак се решаваат да ја изберат луѓето што вистински се разбираат“.
Големата најава е претставувањето на моделот RZ, прв модел на Lexus што е развиен само во батериски електрична изведба, чијашто премиера ќе се случи напролет. Со тоа почнува цела серија нови модели со погон на струја.
По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

















