Планот уште тогаш се чинеше неверојатен, кога Mitsubishi пред две лета објави дека го запира развојот на нови модели за европскиот пазар. Новиот план беше донесен кон крајот на минатата година, за Mitsubishi да користи техника од партнерите Renault и Nissan.
Не еден, туку два нови модели ќе се појават во понудата на Mitsubishi на европскиот пазар. Тоа не се нагаѓања, туку е потврдено официјално од француско-јапонската алијанса меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi. Компактниот СУВ-модел ASX в година ќе се појави во нова генерација. Исто како Outlander и Eclipse Cross, наследникот на моделот што шампионски издржа на пазарот подолго од десет години и помина низ три фејслифти, ќе биде достапен во хибридна и приклучна хибридна изведба.
Во соопштението од јапонскиот производител се наведува дека новата генерација на ASX ќе се базира врз палатформата Common Modular Family (CMF). Тоа е платформа што ја познаваме од Renault Captur и Nissan Juke. Производството на моделот ќе се одвива во фабриката на Renault во Ваљадолид, Шпанија.
Бидејќи техниката на новиот ASX во основата ќе биде иста со Nissan Juke, може да се шпекулира околу моќноста и перформансите на моделот. Nissan во својот компактен СУВ вградува приклучен хибриден погон со системски 158 КС, во комбинација со автоматизиран мануечен менувач. Со батерија од 9,8 kWh, досегот на струја се движи до 50 километри. На бензинецот од 1,6 литар со 92 КС му асистира електромотор со 50 kW, односно 75 КС. Стартер-генераторот располага со дополнителни 25 киловати.

Mitsubishi постигна впечатлив успех на европскиот пазар, со 380.000 продадени примероци од ASX меѓу 2010 и 2021 година. Тоа е повеќе и од Outlander, што долго време беше најпродаван модел со приклучен хибриден погон на пазарот. СУВ-крстосувачот со мошне комфорно подвозје достигна околу 200.000 примероци меѓу 2013 и 2021 година.
Освен хибридните изведби, Јапонците во гамата на новиот ASX ќе нудат и изведби со конвенционален погон. Во Renault Captur, на пример, се вградува 1,3-литарски бензинец со 140 КС, но и трицилиндарски еднолитарец и верзија што користи автогас.
За вториот модел за Европа уште нема конкретни најави. Новата генерација Outlander веќе стартуваше со продажба во САД.
>>> Тест: Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 Intense 2WD

















