Honda-e ќе испорачува струја во швајцарската мрежа

Возен парк од 50 електрични Honda-e ќе тестира како електричните автомобили можат да помогнат во стабилизирање и балансирање на дистрибуцијата на електрична енергија. Тестирањето е во Швајцарија, возилата ќе може да се изнајмуваат директно на улица.

Управувањето со енергијата е уште една деловна гранка што се развива во Honda. Во соработка со конзорциумот V2X Suisse се организира проект, што ќе ги прикаже електричните автомобили во улога, кога можат енергијата во батеријата да ја вратат назад во мрежата за дистрибуција на струја, заради стабилизирање на истата. Станува збор за технологија на двонасочно полнење и истата ќе биде редовен дел од управувањето со енергија во иднина.

Honda ќе го снабди водечкиот швајцарски оператор за кратко изнајмување Mobility со 50 возила Honda-e. Овој возен парк ќе биде достапен во car-sharing, што значи дека возилата ќе може да се изнајмат буквално на улица со помош на апликација, но посебноста е во тоа што возилата ќе можат да ја снабдуваат електричната мрежа со енергија во времето додека се приклучени на полнач. Во рамките на проектот се опфатени и 35 станици Honda Power Manager, што ќе бидат поставени на различни места во градовите и предградијата ширум Швајцарија. Станиците по потреба ќе вршат повраток на енергијата V2G (vehicle-to-grid) за Mobility.

Honda e polnenje posebna tarifa

Проектот на V2X Suisse ќе биде прв случај на масовна примена на системот COMBO-CCS (Combined Charging System) за двонасочно полнење. Honda-e моментно е единствен електричен автомобил што се нуди во Европа и располага со можност да оддава енергија од батеријата, како стандард.

Honda Power Manager е двонасочен систем што го поврзува електричниот автомбоил со електродиострибутивната мрежа и овозможува полнење на батеријата, но и повлекување на енергијата од батеријата назад во струјната мрежата. На тој напон се постигнува интелигентен баланс меѓу снабдувањето и побарувачката на енергија, како и подобро користење на обновливите извори на енергија.

Двонасочното полнење помага за подобро искористување на обновливите извори на енергија, посебно на енергијата од сонцето. Пример, колекторите произведуваат електрична енергија дење, но ноќе се нефункционални. Тука се покажуваат на дело предностите од електричните автомобили што располагаат со технологија на двонасочно полнење.

Во рамките на проектот, 50-те примероци од Honda-e ќе бидат поставени на 40 локации ширум Швајцарија. Од батеријата на секоја Honda-e може да се вратат во електричната мрежа до 20 киловати. 

Посебна софтверска платформа развиена од sun2wheel, што е дел од конзорциумот, овозможува станиците Honda Power Manager да управуваат со потребата од енергија за секој електричен автомобил во циклуси од по 15 минути. Јапонскиот производител порачува дека двонасочното полнење е клучно за идното општество што ќе биде неутрално во однос на емисијата на СО2, со масовно користење електрични автомобили и производство на енергија од обновливи извори.

Тестирањето ќе започне во септември годинава и ќе трае до завршетокот на 2023 година, со учество на Mobility, EVTEC, sun2wheel, tiko, Novatlantis и ETH Zurich, како членки на конзорциумот, со поддршка од швајцарската агенција за енергија.

>>> Дизајнот на електричната Honda е „Најдобар меѓу најдобрите“

Претходна објаваKia EV6 e автомобил на 2022 година според What Car
Следна објаваSport Turismo е трета каросериска изведба на Porsche Taycan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here