Kia EV6 e автомобил на 2022 година според What Car

Уште една награда што е забележана на светската сцена за Kia EV6. Британскиот магазин What Car го избра електричниот кросовер Kia EV6 за Автомобил на 2022 година. Секако дека тоа беше проследено и со победа во категоријата на електричен СУВ на годината.

Kia EV6 е именуван за Автомобил на годината во изборот на влијателниот британски магазин What Car. Дури и не е првпат, електричен автомобил на Kia да победува во изборот на магазинот. Тоа уште во 2019 година му успеа на Kia Niro.

Во десетте месеци откако првиот електричен модел на Kia што е конструиран врз независна платформа од моделите со обичен погон почна да се продава, EV6 има освоено низа награди од експертите на медиуми што се од светски глас.

KIA EV6 GT

Според оцените на Стив Хантингфорд, уредник во магазинот What Car, победничкиот „EV6 соединува огромен реален досег со способност за полнење со брзина што ривалите не ја достигнуваат, на тој начин решавајќи ги двете најголеми прашања што ги имаат луѓето околу електричните автомобили. Понатаму, со користење наменска електрична платформа, место заедничка платформа со модели со бензински и дизел мотор, Kia ја искористи предноста на компактните димензии на електромоторите и произведе автомобил што е исклучително просторен и практичен.“

Додајте на тоа уште врвни перформанси, исклучителна префинетост, конкурентна цена и најдобри гаранции што постојат, и возбудливата EV6 не само што изгледа како иднината – туку и чувството е такво

Стив Хантингфорд, уредник во магазинот What Car

Претседателот и извршен директор на корпорацијата Kia , Хо Сунг Сонг, во врска со оваа важна награда напомена дека Kia до 2026 година ќе вклучи 11 нови чисто електрични автомобили во својата понуда. Целта на тековната стратегија „Plan S“ е електричните возила во блиска иднина да ја преземат главнината од продажбата на марката.

Kia EV6 минува до 528 километри со едно полнење, а технологијата за полнење со 800V овозможува батеријата да се наполни од 10 до 80% за само 18 минути

Напедната платформа E-GMP (Electric-Global Modular Platform), ќе послужи како основа за уште шест модели што до 2026 година ќе бидат вклучени во понудата само во изведба со погон на батерија. Целосна електрификација на понудата за Европа се планира до 2035 година, а пет години подоцна и глобалната понуда од модели ќе биде строго електрична.

Награда и за Kia Sorento, како најдобар автомобил за влечење приколка

Во категоријата на изборот што се организира заедно со Клубот за кампување на Велика Британија, Kia Sorento победи како најдобар автомобил за влечење приколка. Погонската комбинација од 2,2-литарскиот дизел со осумстепен менувач со двојна спојка беше избрана од жирито како најдобра, за купувачите на коишто им е важно влечењето приколка за кампување или обична приколка. Со моќниот дизел мотор со осумстепен автоматик може да се влече товар тежок до 2.500 килограми. Секако дека и седумте седишта се важни во оваа категорија.

>>> Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

 

Претходна објаваLexus во мисија на спасување на светот во „Moonfall“
Следна објаваHonda-e ќе испорачува струја во швајцарската мрежа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here